Британски епидемиолог го шокираше светот: Луѓето беа ставени во карантин поради тоа што не можеле да…


Британскиот експерт Марк Вулхаус истакнал дека карантинот бил “мерка донесена во паника” и единствена опција во дадениот момент “бидејќи не можеле да смислат ништо подобро”.

Сепак, овој професор од Универзитетот во Единбург тврди дека тоа била ригорозна и груба мерка која не ги зема во предвид разликите на поединците. Пред се, Вулхаус мисли на фактот дека нацијата уште во март се “сконцентрирала на училиштата, наместо на домовите за нега на стари лица”.

Професорот по епидемиологија сега истакнал дека владата мора да се фокусира на зголемување на тестирањето и да настојува кон отворање на општеството, а не и понатаму да го ограничува.

-Затворањето беше панична мерка и верувам дека историјата ќе покаже дека обидот да се контролира коронавирусот низ карантин е монументална грешка на глобална ниво, тоа е лек кој е полош од болеста – истакнал Вулхаус, кој иначе е член на Научната група за пандемијата која ги советува британските власти.

-Никогаш повеќе не сакам да видам национално заклучување. Тоа беше повремена мерка која едноставно се случи во фаза на епидемијата за која сега сме сведоци. Сега знаеме повеќе за вирусот и како да го следиме, за да не треба повторно да бидеме во таква ситуација – изјавил тој.

-Апсолутно не треба да се вратиме на позиција каде што децата не можат да си играат или да одат во училиште. Верувам дека штетата која е нанесена на нашето образование, здравствениот пристап и широките аспекти на нашата економија и општество ќе биде толку голема колку и штетата која ја нанесува Ковид-19 – изјавил професорот.

-Претпоставувам дека сега повеќе луѓе се оштетени со колатералните ефекти од заклучувањето, отколку поради вирусот, додава тој.

Вулхаус тврди дека единствена одржлива долгорочна мерка е тестирањето во што поголем број, а вели дека тоа најдобро го покажала Премиер лигата во чиј рамки биле тестирани 40.000 луѓе, се со цел да се одржи последната серија натпревари – и тоа поминало успешно.

-Додека ги укинуваме ограничувањата, најважно е да им обезбедиме заштита на луѓето на кои тоа им е отребно – посебно на оние постари од 70 години или со лоша здравствена состојба. Но, тоа не е една големина која им одговара на сите. Мораме да ги заштитиме и оние кои се во најголем ризик и да им обезбедиме поддршка. Тогаш можеме повторно да ја оцениме рамнотежата помеѓу контролата на вирусот и штетата која се предизвикува со заклучување на економијата и општеството – заклучил овој британски епидемиолог.


Like it? Share with your friends!

-3
4 shares, -3 points

log in

reset password

Back to
log in
Choose A Format