Генијално: Дизајнирале врата инспирирана од коронавирусот – еве како се отвора (ВИДЕО)


Генијално: Дизајнирале врата инспирирана од коронавирусот – еве како се отвора…

Секоја чест.

Тоалетите во авионите се места на кои патниците најмалку сакаат да се задржуваат, поготово сега додека трае пандемијата, па така јапонската авиокомпанија “All Nippon Airways” (ANA) поради тоа дизајнирала врата која се отвора со лактот.

BBC пишува дека јапонската авиокомпанија ANA тоалетите во авионите се обидува да ги претвори во WC чија врата може да се отвори, но и затвори со лактот. Моментално работи на собирање на повратни информации за да одлучи дали ќе го имплементира наведениот систем.

Од компанијата истакнале дека дизајнот е во фаза на тестирање, а кваката која може да се отвори со лакт за прв пат е тестирана на аеродромот Ханеда во средината на јуни.

Тука се две различни компонети на механизам за заклучување кој е заеднички развиен со авиокомпанијата Jamco. Првата вклучува клизна брава која на корисникот му овмозжува заклучување или отклучување на вратата однатре, а другата му овозможува на корисникот да ја отвори вратата за да може да излезе.

Од јапоснката авиокомпанија потврдиле дека веќе некои авиони се опремени и со чешми со сензор. На почеток ја истражувале можноста за отворање на врата со стапало, но одлучиле да го укинат овој систем поради безбедносни причини како турбуленција, се со цел патниците да не изгубат рамнотежа.

Компанијата за авионска техника “Haeco Americas” моментално развива и начин за отворање на вратата на тоалетот со помош на сензори.

Погледнете го видеото во продолжение и дознајте за што всушност се работи:

log in

reset password

Back to
log in
Choose A Format