Георгина позираше во бикини, но сите гледаа во нејзиното стапало.
Георгина Родригез повторно привлече огромно внимание со само една фотографија.
Сопругата на фудбалерот Кристијано Роналдо на социјалните мрежи се пофали со нова фотографија на која се шминка и на себе има само костим за капење. Сепак, следачите најмногу беа збунети од нејзиното стапало.
Поголемиот дел од нив се посомневаа дека фотографијата е фотошоп дело поради нејзиното лево стапало.
“А тоа џиновско стапало? Премногу фотошоп?” гласеше еден од коментарите.
Георгина постојано се труди на фотографиите да има што подолги нозе, па така и овој пат на фотографијата со двете нозе стои на прсти за да додаде уште некој сантиметар.
Дека Георгина навистина нема толку големо стапало, покажуваат и необработените фотографии од црвениот тепих на кои се гледа дека нејзините стапало се со нормална големина.
Погледнете ја фотографијата во продолжение:
Connect with us