Главниот лекар на Москва ја изнесе вистината за корона и го шокираше светот: Нека не ве плаши зголемениот број заразени, еве зошто


Главниот лекар на Москва ја изнесе вистината за корона и го шокираше светот: Нека не ве плаши зголемениот број заразени, еве зошто…

Главниот лекар на московската градска клиничка болница број 71, Александар Мјасњиков, им порачал на своите сонародници дека не треба да се грижат поради извештајот за се поголемиот број новооткриени случаеви на коронавирус.

“Гледам телевизија и еве повторно кажуваат: “Доаѓа вториот бран на коронавирус, бројот на заразени во Европа расте. СЗО нешто повторно најавува…А јас ве прашувам: потребен ли ни е имунитет на стадото или не? Доколку треба, пред појавата на ефикасна вакцина постои само еден начин да дојде до тоа: да се зарази поголемиот дел од жителите. Посебно: да се разболат младите за кои КОВИД-19 практично не е опасен бидејќи тогаш луѓето во различни групи ќе ги добијат сите предности од колективниот имунитет на стадото”.

Тој додал:”Така, се поголемиот број на заразени луѓе не би требало да ве плаши ниту пак да изгледа застрашувачки”.

Мјасњиков на Русите – посебно на оние кои сакаат да избегнат потешка форма на болеста – даде шест совети. Нагласувајќи дека добро ќе им дојдат не само поради коронавирусот:

“Престанете да пушите бидејќи пушењето е докажан фактор и ризик: намалете ја телесната тежина бидејќи претераната исто така е сериозен фактор за ризик во случајот на Ковид-19: преминете на здрава нискокалорична исхрана со оглед на тоа дека ја намалува опасноста да добиете дијабетис кој е уште еден фактор поврзан со ризикот од смрт од Ковид-19: занимавајте се со физички активности и зајакнувајте го сопствениот имунолошки систем: држете го под контрола високиот крвен притисок: и вакцинирајте се против обичен грип штом имате шанса”.

Своето обраќање на своите сонародници го заклучи на овој начин:

“Доколку се придржувате до шесте наброени мерки – напорите кои ги вложувате нема да ви пропаднат ниту доколку Ковид ве заобиколи. Паралелно на масовната пропаганда, Ковид зазема едно од последните места на листата на причини за смрт во светот. А срцевите заболувања (инфарктите и мозочните удари) и онкологијата убиваат десетици милиони луѓе годишно. Наброените совети погоре ве чуваат и од нив!”, пишува Web-Tribune.com


Like it? Share with your friends!

-12
34 shares, -12 points

log in

reset password

Back to
log in
Choose A Format