Го слушнав комшијата како вели: Не знам кој го прави ова, но изгледа дека имаме анѓел чувар


Го слушнав комшијата како вели: Не знам кој го прави ова, но изгледа дека имаме анѓел чувар

Прекрасна приказна објави момче од Белград на својот фејсбук профил:

“Во екот на коронавирусот успеав да пронајдам хлор во една аптека како средство за дезинфекција (прашок за правење раствор), и направив два мали сада со сунѓери за нозе на влезот во зградата и почетокот на скалите.

Редовно дополнувам нов раствор во садовите за дезинфекција на валканите обувки и секоја ноќ (околу 1-2 часот наутро кога сите спијат) ги прскам скалите и го пребришувам целиот под во приземје и на првиот спрат, заедно со влезните врати на зградата.

Неодамна слушнав како некој од постарите комшии вели – “Не знам кој го прави ова, но изгледа дека имаме наш анѓел чувар”.

Само вие мене да ми бидете живи и здрави”

Во текот на пандемијата со корона вирусот, ваквите гестови се исклучително важни. Исклучително важно е да имаме луѓе кои прават добри дела, а освен тоа што ова може да спречи ширење на заразата и нејзино отстранување, ваквите гестови во прилично тешки времиња знаат да ја стоплат душата и да го подобрат духот на луѓето.

log in

reset password

Back to
log in
Choose A Format