Девојка сака да купи стан во Загреб па бара луѓе да и дадат 80.000 евра: “Не сакам цел живот да плаќам кредити”


Девојка сака да купи стан во Загреб па бара луѓе да и дадат 80.000 евра: “Не сакам цел живот да плаќам кредити”

Девојката која ја започнала необичната кампања признала дека не сака да биде цел живот во долг, пишува net.hr

Една 25 годишна девојка се одлучила на несекојдневен потег па бара донации за да си купи стан во Загреб.

За овој несекојдневен потег се одлучила бидејќи не сака целиот живот да биде во долг.

“Немам никаква специјална приказна, само не сакам да живеам цел живот со кредит. Имам 25 години и сакам да си купам стан во Загреб, па ако можат да се соберат 80.000 луѓе за да ми дадат по 1 евро, би можела да соберам пари. Или 40.000 луѓе кои ќе ми дадат по 2 евра.

Знаете како функционира математиката”, напишала девојката во описот на кампањата на платформата Go Get Funding.

“Па доколку имате време и волја, ве молиме да го споделите ова и да помогнете колку можете. Би можеле сите да направите вака и да покренеме лавина на помагање во купување станови 😀 Ви благодарам на сите!” заклучила девојката.

Досега собрала 733 евра од 183 лица, а доколку сакате да и помогнете, тоа можете да го направите на Go Get Funding.

log in

reset password

Back to
log in
Choose A Format