“Девојките во затвор во Југославија ги претвораа во старици, им отпаѓаа забите, а заболувале откако ќе им пристигнеа вести дека нивните…”


Поради виц за Тито завршила на Голи оток, а кога се распаднала Југославија објавила книга.

Бидејќи раскажала шега, по Жени Лебл пристигнале двајца удбаши.
Денот на младоста за време на Југославија се славел на 25. мај. Тито во тоа време се славел како божество, му биле пеени разни песни, а една од најпознатите е “Друже Тито, љубичице бела” ја чинела младата новинарка Жени Лебл две ипол години робија на Голи оток, каде што завршила на само 22 години.

За новинарката Жени Лебл, (Белград) со еврејско потекло која преживеала и нацистички логор и Голи оток, ретко се зборува во меинстрим медиумите. Еден од ретките текстови за неа во 2013. година го објави белградска Политика, весник во кој работела додека не ја уапселе поради виц за Јосип Броз Тито кој го прераскажала во редакцијата.

Колега еднаш и раскажал шега дека Југославија победила на меѓународно натпреварување во цвеќиња, бидејќи одгледала љубичица бела од 100 килограми, алудирајќи на песната “Друже Тито, љубичице бела, тебе воли омладина цела”.

Бидејќи го прераскажала вицот во редакцијата, по Жени Лебл доаѓаат двајца удбаши, бидејќи, како што и рекле зборувала против Тито и не го пријавила народниот непријател од кој ја слушнала спорната шега. Тогаш ја носат во затворот УДБ Главњача, потоа во логорот Рамски рит, па во Забел, Гргур и Голи оток. Во пет затвори, каде што од април 1949. до октомври 1951. година, од неа барале да го промени мислењето и да ја признае вината. Подоцна била испишана од Здружението на новинари, стои во текстот за Лебл објавен во јули 2013. година, пишува Абаз.

Кога Југославија се распаднала, Жени Лебл ја објавила книгата “Љубичица бела”, која во Израел станала бестселер. Таа го опишувала страшните искуства во затворите, а најпотресно било искуството од Голи оток. Многумина дотогаш воопшто не знаеле дека на Голи оток имало и жени.

-Само жедните знаат да ја ценат водата. Бевме опкружени со море, а жедни до лудило. Дознавме колку е комплицирано да ја искорнеш карпата од нејзиното природно опкружување. Тогаш учите дека каменот има корени. Корневме карпи кои таму биле со векови, ја менувавме природата – пишувала таа.

-Девојките се претворани во старици, им отпаѓале забите и заболувале додека им пристигнувале вести дека од нив се откажале децата, родителите, сопрузите, бидејќи станале народен непријател – сведочела Лебл.


Like it? Share with your friends!

3
7 shares, 3 points

log in

reset password

Back to
log in
Choose A Format