Некои луѓе се подготвени добро да платат за да дојдат до одреден вид на кучиња.

За најскапото куче на листата на најскапи кучиња, односно за тибетскиот мастиф треба да издвоите дури два милиони долари.
Овие кучиња во просек живеат до 14 години, а своето потекло го водат од Тибет, односно Хималаите. Неговото двојно крзно го прави да изгледа преслатко, но во исто време и масивно.
Мажјаците можат да достигнат висина од 66, додека женките од 61 сантиметар, а просечната тежина изнесува околу 80 килограми.
Овие кучиња настанале во Тибет пред неколку векови, а нивната примарна цел била заштита на стадата со добиток. Денес, поради својата реткост, овие кучиња достигнуваат рекордни цени на пазарот, посебно во Кина, каде што едно куче од оваа раса, било продадено за неверојатни 2 милиони долари.
Connect with us