Драгана Анкучиќ од Србија, го поклонила својот имот на семејство со четири деца, и стана најпозитивната вест на Балканот.

Имено, Драгана преку својот Фејсбук профил објавила дека планира својот имот да го поклони некому кому му е најпотребен, а потоа успеала да го оствари она што го наумила.
“Би поклонила куќа на луѓе кои немаат дом. Плац од 66 ари, стара и нова куќа потполно средена и нива од 75 ари. Доколку некој познава семејство на кое му треба дом, нека ми се јави. Куќата се наоѓа во Долна Каменица кај Ваљево”, напишала Драгана.
Секако, целата работа не се задржала исклучиво на планирањето. Имотот сега е во сопственост на семејство со четири деца, на кои им е обезбедена светла иднина.
“Со задоволство објавувам дека куќата му припадна на семејство со четири деца. Им посакуван среќа на овој свет во новиот дом”, напишала Драгана на социјалнтие мрежи, пишува Noizz.rs
Connect with us