Еве колку пари ќе треба да плати Новак Џоковиќ поради тоа што ја погоди судиката со тениско топче


Еве колку пари ќе треба да плати Новак Џоковиќ поради тоа што ја погоди судиката со тениско топче…

Најдобриот тенисер на светот, Новак Џоковиќ е казнет со дополнителни 17.500 долари, соопштија организаторите на Ју-Ес Опен.

Џоковиќ е казнет по две основи. Првата казна е 10.000 долари поради неспортско однесување кога со тениско топче ја погоди линиската судика, поради што беше дисквалификуван.

Другата казна е 7.500 долари, бидејќи не се појавил на конференцијата за медиуми.

Претходно, на Новак му е одземена паричната награда од 250.000 долари која ја заработи со влегување во осмина финалето.

Што мислите вие?

log in

reset password

Back to
log in
Choose A Format