Експертите открија колку трае лукот, како и најголемите грешки кои луѓето ги прават со него


Експертите открија колку трае лукот, како и најголемите грешки кои луѓето ги прават со него…

Лукот е намирница која може да се сретне во секое домаќинство и често се користи во кујната, без оглед на сезоната или годишното време.

Меѓутоа, многумина не знаат колку всушност можат да го чуваат лукот, а да не се расипе, и како да го продолжите неговиот век на траење. Одговорите на овие прашања ги даде Вен-Јај Јинг, експерт за храна.

Прво што е важно е да знаете кој лук да го купите, што значи дека сушениот лук имала помала шанса да се расипе, поради намалената бариера која го штити од влага.

“Сушениот лук трае пет до шест месеци, доколку правилно се складира”, објаснува Јинг.

Благодарение на лушпата на белиот лук, тој сам се одржува и ја чува внатрешноста па најдобро е да го оставите доколку сакате да потрае.
“Најдобриот начин за складирање на лук е да го чувате цел, без лупење или одвојување на чешлињата. Кога го одвојувате чешлето од остатокот, му се намалува рокот на траење, а кога ќе го излупите, значително го намалувате тој рок на само неколку дена”, тврди Јинг.

Влагата е непријател на белиот лук, додава таа, велејќи дека за складирање треба да изберете суво и ладно место.

“Белиот лук го чувам во делот на фрижидерот каде што влагата е помала.”, вели таа.

Како да препознаете дали лукот се расипал? Постојат неколку показатели кои сугерираат дека на лукот му поминал рокот на траење. Темните дамки и промената на бојата се лоши вести, како и мекоста.

log in

reset password

Back to
log in
Choose A Format