Жандармерија од цела Србија оди кон Белград, се очекува вистински хаос (ВИДЕО)


Демонстрациите во Белград беа директна последица за најавата на враќање на полицискиот час, а повод е новиот бран на префрлање на вината за пандемијата, директно на граѓаните.

Полицијата околу 1:30 после полноќ ги растера демонстрантите од просторот пред Собранието на Србија после употребата на солзавец, при што беа приведени и неколку демонстранти кои протестирале поради најавата на власта за повторното воведување на полициски час поради сузбивање на епидемијата на корона вирусот, известува Нови.ба.

Пресметките помеѓу полицијата и демонстрантите траеле со часови, а на помош на полицијата пристигна и коњаницата. Според информациите на Итната помош, повредени се дваесет личности, тринаесет полицајци и седум цивили.

Протестите се одвивале во самиот центар на градот, како и во улиците кон кои се повлекувале демонстрантите откако полицијата ги растела со солзавец.

Нови протести се очекуваат и денес, а според информациите на неколку балкански медиуми, полиција од сите делови на Србија тргна кон Белград.

Погледнете го видеото во продолжение и дознајте за што всушност се работи:


Like it? Share with your friends!

-3
3 shares, -3 points

log in

reset password

Back to
log in
Choose A Format