Здраво и вкусно: Смрзнат јогурт со боровинки, нешто во кое ќе се заљубите


Здраво и вкусно: Смрзнат јогурт со боровинки, нешто во кое ќе се заљубите…

Започнете го денот со избалансиран и здрав оброк!

Состојки:

500 грама смрзнати боровинки
3-4 лажици мед
500 грама цврст јогурт
1/2 лажичка ѓумбир во прав
рендана кора од лимон

Подготовка:

Садовите за сервирање ставете ги во фрижидер. Во мултипрактик ставете јогурт, мед, ѓумбир и лимонова кора. Кратко матете, а потоа додадете ги замрзнатите боровинки (или овошје по желба). Повторно матете додека сите состојки не се соединат. Сместата ставете ја во садовите, а потоа ставете ги во замрзнувач добро да се изладат.

log in

reset password

Back to
log in
Choose A Format