Исповед на жена која му рекла на својот сопруг дека може да спие со друга жена, дури му ја понудила својата колешка


Скриената намера излегла надвор од контрола.

Долгогодишните врски се развиваат во различни насоки, но една од работите која е карактеристична за долготрајните односи е тоа дека страста и желбата за секс, најчесто, како времето поминува, се намалува.

Тоа може да доведе до бројни последици, како по заедницата на двајцата партнери, така и по нивното здравје.

Една жена, во очајнички обид да го спаси својот брак, одлучила да манипулира со својот сопруг, пренесува сајтот nine.com.au

“Заедно сме 15 години и сексот на почеток беше добар, но од пред пет години речиси и дека воопшто не постои. Поради недостаток на внимание, кој настапи бидејќи мојот сопруг често беше деловно отсутен и по неколку месеци, јас станав алкохоличар. Сепак, веќе година дена сум трезна, но тој не сака да ме бакнува и допира”, вели анонимната жена.

Таа признала дека му кажала дека ќе му дозволи да спие со нејзината колешка од рбаота, или дури да има тројка со нив две, а тоа го направила само поради тоа да го спаси нивниот однос.

“После ова, нашиот сексуален живот стана феноменален. Постојано ме прашува кога ќе договориме тројка. Меѓутоа, проблемот е тој што колешката од работа е измислена и дека лажев само за да го спасам нашиот сексуален живот. Неговата возбуда после мојата лага навистина ја подобри нашата врска. Дури купил неколку работи за таа ноќ која ја чека. Дали сум луда што и понатаму лажам?”, се прашува таа.

Експертот за врска, Џон Ајкен, смета дека нивната врска е многу кревка, штом морало да дојде до ваков екстремен чекор.

Исто така, тој советува дека жената треба да биде искрено и се да му признае на својот сопруг, за да можат навистина да поработат на својот однос и да детектираат подлабоки проблеми.

“Тоа нема да биде лесен разговор, но ве советувам да започнете благо, за да му кажете колку го сакате и колку ви недостасува. Објаснете му дека сето ова сте го измислиле за повторно да ја оживеете страста, која згаснала и пуштете го да реагира како тој сака. Бидете трпеливи и разговарајте за вашата иднина”, вели Ајкен.

log in

reset password

Back to
log in
Choose A Format