Исповед на млада невеста која се обидела да ја отруе својата свекрва: Секојдневно и ставав чудни тревки, а еден ден…


Исповед на млада невеста која се обидела да ја отруе својата свекрва: Секојдневно и ставав чудни тревки, а еден ден…

Млада девојка се омажила и заминала да живее кај својот сопруг, кој пак живеел со својата мајка.

Младата невеста сфатила дека не и е баш омилена на свекрвата, со која не можеле да најдат мир и заеднички јазик, па времето постојано го минеле во караници.

Младата девојка по име Лили и нејзината свекрва не прекинувале со расправија, а според традиционалните вредности младата девојка морала да има почит и разбирање кон својата свекрва, што дополнително ја лутело и терало да си замине од новиот дом.

Иако расправиите воглавно биле помеѓу нив, сепак оној кој најмногу страдал бил мажот, кој бил развлечен на две страни и морал да ургира во речиси секоја расправија.

После одредено време, новата невеста морала да побара помош се со цел да го реши ужасниот проблем кој и го загрозува бракот со нејзиниот сакан.

Отишла кај еден познат билкар. Му ја раскажала ситуацијата и побарала да и продаде отров, за да може да го реши проблемот.

Човекот се замислил и рекол: “Лили, ќе ти помогнам да го решиш својот проблем, но мора добро да ме сослушаш и да го направиш она што ќе ти кажам“. Лили прифатила.

“Можеш да употребиш отров кој брзо делува, но тоа ќе предизвика сомнеж кај луѓето. Затоа еве ти повеќе чајеви кои полека ќе го трујат нејзиниот организам. Секој втор ден треба да правиш вкусен оброк, во кој ќе додадеш од овие тревки. Сепак, мора да внимаваш никој да не се посомнева во тебе кога ќе умре, па затоа мора да бидеш внимателна и да го смениш однесувањето кон неа, биди љубезна. Немој да се караш, попуштај, слушај ја како да е кралица.“

Лили била пресреќна. Се заблагодарила и поитала дома за што побрзо да започне со нејзиниот план за убиство. Поминале седмици, месеци…Лили секој ден и сервирала на свекрвата вкусен оброк зачинет со тревки. Цело време на ум ги имала зборовите на билкарот кој и нагласи дека мора да го избегне сомнежот и затоа мора да биде многу љубезна кон свекрвата.

После 6 месеци атмосферата во домот била многу поинаква.

Лили научила толку добро да се контролира, што повеќе не се лутела ни била нервозна. Немала ни една причина за тоа од страна на свекрвата во последните 6 месеци. Свекрвата била многу понежна, па обостраното разбирање навистина се забележувало. Нејзиното однесување кон Лили се сменило, па дури почнала да ја сака како родена ќерка.

Лили и нејзината свекрва сега се однесувале како мајка и ќерка.

Лили еден ден отишла повторно кај билкарот и го замолила за помош. Барала од него лек за да го спречи отровот. Таа е сега прекрасна жена и ја сакам како мајка, рекла Лили. Не сакам да умре од отровот што и го давав.

Билкарот и одговорил: “Никогаш не сум ти дал отров. Тоа беа витимани кои го подобрија нејзиното здравје. Единствениот отров беше во твоите мисли, но сега и тоа го нема!“

Во Кина се вели: Човекот што ги сака другите, е човек што е сакан од другите!


Like it? Share with your friends!

5
5 shares, 5 points

log in

reset password

Back to
log in
Choose A Format