Какви споротви обожаваат хороскопските знаци? Јарците трчање и јавање, додека Овенот и Бикот…


Секој знак владее со различно дело на телото, па одредени вежби можат да ви одовараат повеќе од други.

Овен

За време на вежбањето мора да конзумирате многу вода. Бидејќи сте огнен знак ви треба многу повеќе вода отколку на просечна личност. Ви одговараат екстремни спортови: планинрање, интензивно трчање или пливање во река. Би требало почесто да ги менувате спортовите, но потрудете се тие секогаш да бидат на отворено.

Бик

Имате бавен метаболизам, па за вас се лесните спортови. Решението би требало да го пронајдете во танцот, бидејќи голем дел од биковите имаат одлично чувство за ритам. Што спорт и да одберете, би требало да бидете редовни и да се придржувате до режимот на вежбање. Вратот е вашата најслаба точка, па не би било препорачливо да се занимавате со спортови кои предизвикуваат одреден ризик.

Близнаци

Опуштањето на вашите нерви е навистина тежок процес. Јогата би можела во потполност да го промени вашиот живот. На сите близнаци слаба точка им се белите дробови, па обидете се да дишете исправно и длабоко во текот на вежбањето. Секогаш бирајте нови и интересни спортови, бидејќи посветувањето на еден спорт за вас е навистина здодевно.

Рак

Вам ви требаат вежби кои можете да ги вежбате дома. Инвестирајте во неколку справи и неколку цд-а. Бидејќи сте знак кој владее со водата, пливањето е исто така добар избор. Со оглед на тоа што не можете да му одолеете на благото, занимавајте се со активности кои се насочени кон согорувањето на калории, а не оние кои ги зајакнуваат мускулите.

Лав

Секој спорт ќе ви даде прилика да покажете дека вашето тело е идеално за се. Имате многу енергија и сте одличен танчер. Побарајте спортови со кои ќе ја негувате вашата природна убавина. Вашата слаба точка се разочарувањата. Прифатете го фактот дека не треба во се да бидете најдобар и секогаш да излегувате победник, бидејќи тоа никој не го може.

Девица

Секојдневните прошетки се совршени вежби за вас. Мора да научите да го ослободите од притисоците вашиот преактивен мозок најмалку двапати дневно со помош на медитација. Одмор на неколку месеци би бил полн погодок за вас. Вам ви одговара и пливањето, посебно доколку е искомбинирано со одмор.

Вага

Почитувајте ги своите енергетски искачувања и падови. Некогаш нема да бидете расположени за вежбање, но некогаш ќе имате и неверојатно мотивација за тоа. За вас најдобри се утринските вежби и истегнувања, како и вежбите за зајакнување на грбните мускули. Навечер најдобар избор за вас е танцот или аеробикот. За време на вежбање, но и во текот на целиот ден пијте повеќе вода.

Шкорпија

Вас не треба да ве тераат да спортувате. Издржливи сте и упорни. Идеални за маратони. Единствено на што треба да внимавате е да не го користите фитнесот како изговор за прикривање на слабоста од нешто понапорно – тоа би можело да предизвика здравствени потешкотии.

Стрелец

Најдобри спортови за вас се трчањето, одењето, јавањето или тенисот. Вие можете да се разболите доколку не пешачите доволно. Вашиот знак го владее издишувањето, што може да придизвика плитко дишење. Поради тоа идеален спорт за вас би бил и јогата.

Јарец

Вашите колена се најчувствителното подрачје. Наместо трчање, обидете се со прошетки, пливање или јавање. По природа сте планинар, па се додека не претерате, посебно на сонце, секогаш ќе одите до врвот.

Водолија

Добри сте во екстремните спортови како нуркањето, параглајдингот, рафтингот и слично. Поради тоа пронајдете некој вид на вежбање со кое ќе можете да ја изразите вашата личност. Доколку се одлучите за вежбање во затворени простории морате да пронајдете некој свој дополнителен мотив.

Риби

Како најдовдените знаци од сите, би требало да поминувате што е можно подолго време во водните спортови. Пливањето, па дури и сончањето се идеални спортови за вас. Замената за водените спортови би можела да биде јога и Таи Чи. Дополнително пијте вода и не пропуштајте добар сон.

log in

reset password

Back to
log in
Choose A Format