Катица последен пат ја видела својата комшика во 1973 година, а вистината за нејзината судбина ја дознала после три децении


Жената со години мртва лежела во својот стан.

Зборувала дека ќе отпатува па никој не се грижел поради нејзиното исчезнување. На комшиите им била необична и зборувале помеѓу себе дека заминува во некоја секта во Македонија. Откако последен пат ја видле, поминале повеќе од три децении, а потоа во 2008. година е откриена тажната вистина – сите тие години колку што никој не ја видел, лежела мртва во станот.

Хедвига Голик имала 49. години во моментот на смртта. Тие кои се сеќавале на оваа медицинска сестра од Загреб, зборувале дека немала пријатели, додека со родената сестра не комуницирале, со што откривањето на нејзината судбина траело 35. години. Имено, кога во 2008. година станарите на зградата во која живеела, одлучиле да спроведат етажирање на зградата, провалиле во нејзиниот стан и во таа прилика ја нашле во непрепознатлива состојба како лежи во својот кревет.

Како што тогаш известил Јутарњи Лист, таа живеела во мал стан од некои 18 квадрати, кои наводно го обезбедил нејзиниот љубовник. Мистеријата на судбината на оваа жена која живеела во Загреб на адреса Медвешчак 77, конечно е откриена, пишува српски блиц.

Она што сите ги збунило во овој случај, се сметките. Имено, во станот постоела плинска инсталација, еднакво како струја и вода, но Плинарата никогаш не испратила сметка бидејќи никој не трошел плин. Сите години некој ги плаќал сметките за струја, но нејасно е кој би можел да ја троши струјата. Според првите информации, станува збор за маж кој починал во 2005. година, загребски архитект.

Последната личност која ја видела, била нејзината комшика
Последната која ја видела била комшиката Катица Цариќ, која во тој момент кога е откриена судбината на Голикова, била во дом за стари лица.

“Хега живееше еден спрат над мене. Ми спушташе кеса со пари и ливче на кое пишуваше што и треба од продавница”, изјавила Катица тогаш.

На несреќната жена се сеќавале и останатите комшии, но не толку убаво.

“Беше невозможна, кога човек би и направил некоја услуга, наместо благодарам, таа би се изнавикала”, изјавиле луѓето кои ја познавале.
Како што навеле тогаш, била таинствена, нападно повлечена, не се дружела со соседите, а покажувала и друга страна, викала на луѓе, а некои ја виделе и како неконтролирано трча по улица. Поради тоа заклучиле дека има шизофрениј. Затоа и приказната дека ќе замине во Македонија имала своја позадина, разумно објаснување дека заминува во некоја секта.

Лоши односи со својата сестра

Хедвига била во необично расположение секој пат кога би ја сретнале. Сама, посебно размислувала и за фактот дека еден ден некој ќе мора да ја наследи.

Нејзината сестра била логичен избор, но, како што велат оние кои се сеќаваат на неа, тоа била и причината зошто се раскарале и ги прекинале односите. Меѓутоа, и покрај сето тоа, на никој во текот на нешто повеќе од три децении не му паднало на ум да го пријави нејзиното исчезнување.

Нејзиниот леш не се чувствувал

Како што тогаш објасниле од Заводот за судска медицина во Загреб, неколку месеци од настапувањето на смртта телото започнува да испушта непријатен мирис, а потоа телото се мумифицира.

“Меѓутоа, доколку личноста починала во зима и била замотана со ќебе или добро облечена, непријатниот мирис би можел да биде помалку интензивен, посебно доколку циркулацијата на воздух била поголема. После неколку месеци телото повеќе не смрди и е мумифицирано”, изјавил тогаш заменик претставникот на Заводот за судска медицина, Давор Стриновиќ, додавајќи дека сепак не му е јасно како никој од соседите не ја почувствувал миризбата од станот.


Like it? Share with your friends!

1
1 share, 1 point

log in

reset password

Back to
log in
Choose A Format