Крајот на светот е многу поблиску отколку што мислиме, врвни научници очекуваат наскоро да се случи несопирлив…


Крајот на светот е многу поблиску отколку што мислиме, врвни научници очекуваат наскоро да се случи несопирлив колапс…

Теоретски физичари специјализирани за комплексни системи заклучиле дека човечкото уништување на шумите би можело да го поттикне несопирливиот колапс на човечката цивилизација во следните неколку децении.

Доколку луѓето продолжат со ваквите активности, Земјата повеќе нема да биде во состојба да ја одржи растечката популација, а со ова темпо, шумите во целост би можеле да исчезнат за 100 до 200 години.

Доктор Џерардо Аквино од Институтот Алан Туринг во Лондон и професорот Мауро Болоња од чиеанскиот универзитет Тарапака во своето истражување истакнале дека тешките последици ќе ги почувствуваме и пред да го исечеме последното стебло, а промените вклучуваат загрозување на опстанокот на многу видови, вклучувајќи ги и луѓето.

Пред развојот на човечката цивилизација, Земјата била прекриена со 60 милиони квадратни километри шума, додека новите податоци покажуваат дека ни останале нешто помалку од 40 милиони.

Со други зборови, ни остануваат уште неколку децениии пред да ја преминеме точката од која нема враќање.

Истражувањето на физичарите покажало дека шансите да избегнеме катастрофален исход се неверојатно мали, а во најдобар случај имаме помалку од 10% шанси да избегнеме катастрофа.

Авторите понудиле и решение во вид на Дасонова сфера, хипотетичка мегаструктура (на пример систем од сателити) кои би орбитирале околу Сонцето и би апсорбирале соларна енергија која би ја испраќале назад на Земјата.

Секако, таа сфера не треба да ја сфатиме буквално бидејќи постојат други начини за производство на истата количина енергија. На пример со нуклеарна фузија.

Пораката е всушност дека катастрофата е неизбежна доколку не го промениме неодржливиот начин на функционирање, а единствениот излез лежи во технолошкиот развој.

Она што е важно е дека не смееме да заборавиме дека се работи за истражување на теоретски физичари кои на проблемот му пристапуваат на ниво на теорија и некои делови од истражување се шпекулативни. Односно, се поставуваат прашања за кои ресурси општеството треба да добие ограничување и како би изгледало таквото општество.

Високата технолошка развиеност со себе носи и решенија, со кој би се избегнала или спречила еколошка катастрофа.

Во моментов не сме на тоа ниво, но прашање е и дали ќе стигнеме на време. Ова истражување покажува дека имаме помалку од 10% шанси тоа да се случи.

Не е се толку црно

Овој модел започнува од претпоставката дека ќе продолжиме по овој пат, но според овогодинешниот извештај на Обединетите нации, уништувањето на шумите на глобално ниво е во пад, последниве неколку децении.

Односно, во перидоот од деведесетите до денес, годишното губење на шумите доживеало пад од 7,8 милиони на 4,7 милиони хектари. Една од причините е природното и планирано пошумување, но тоа не значи дека можеме да се опуштиме бидејќи во истиот период сме изгубиле 178 милиони хектари шума, а постои и опасност тоа намалување да забави или да се врати негативниот тренд.

Уште една позитивна работа е тоа што бројот на жители не расте како што очекуваат песимистите, туку во средината на овој век се очекува значајно намалување.

И додека сето тоа е прилично бавен процес, многу работи можат да се направат кога е во прашање промената на пристапот или цивилизациската трансформација.


Like it? Share with your friends!

1
2 shares, 1 point

log in

reset password

Back to
log in
Choose A Format