Милица бегајќи од насилниците видела само еден излез: Нејзината смрт никогаш не треба да биде заборавена


Трагедија која пред 46 години ја шокирала целата земја.

Се навршија 46 години од трагичната смрт на Милица Костиќ (18), ученичка во Медицинското училиште од селото Дубци крај Брус, која на 2. септември 1974 година, бранејќи ја својата чест од насилниците скокнала во смрт од 11 кат на Рубиновата кула.

Овој трагичен настан предизвика големо внимание во тогашната југословенска јавност, а во Крушевац во тоа време се организирале демонстрации против насилниците кои подоцна се осудени на повеќегодишна затворска казна.

Обвинетите М. Маџарац, Т. Ж. Николиќ, З. Ивановиќ, С. Трифуновиќ и во тоа време малолетниот С.В. се осудени на затворски казни поради смртта на Милица Костиќ. Деталите од овој монструозен случај во поголем дел се расфетлени благодарение на самата жртва, бидејќи Милица во болница пред да почине им дала изјава на судските истражители.

Тој кобен понеделник, 2. септември 1974 година, Милица кај плоштадот Фонтана ја пресретнал еден од насилниците и ја замолил да тргне со него до стан во Рубиновата кула, за да може да ја повика неговата девојка чиј родители биле многу строги. Не сомневајќи се во ништо, Милица заминала, а кога влегла во станот на 11. кат започнала нејзината агонија.

Таа изјавила дека момчето со сила ја вовлекло во заклучената соба и и соопштил дека во ходникот чекаат уште неколку момчиња. Барал од неа сама да се согласи, да се соблече, бидејќи нема друг излез…

Милица, меѓутоа, тоа категорично го одбила молејќи тоа да не го прават и да ја пуштат. Се бранела и плачела, а кога почувствувала дека првиот насилник се предомислил, бидејќи на момент ја отворил вратата и им соопштил на другарите дека би требало да ја пуштат, бидејќи е невина, Милица се затрчала кон прозорот и скокнала од 11 спрат од Рубиновата кула.

Починала два дена подоцна во болницата во Крушевац, а нејзината трагична судбина и денес предизвикува бран емоции кај сите кои ќе ја слушнат, пишува Објектив.


Like it? Share with your friends!

1
3 shares, 1 point

log in

reset password

Back to
log in
Choose A Format