Научниците тврдат: Ова се вистинските причини зошто младите денес се помалку водат љубов


Ова се најголемите “убијци” на интимните односи во кревет.

Кога се поставува прашањето поради што паровите во некој момент на врската имаат се помалку интимни односи или сосем прекинуваат со водењето љубов, секој има одговор за кој верува дека е единствено вистински.

Меѓутоа, тим од британски психолози одлучил на примерот од 1.099 мажи и жени да утврди кои се основните причини за недостаток на страсти во кревет.

Од анкетираните лица се барало да изберат некоја од 78 идентификувани работи кои можат да ги намалат интимните односи во кревет.

Испитаниците можеле да изберат и повеќе понудени одговори, а раководителите на истражувањето наведуваат дека 41% од учесниците избрале барем 3 причини за недостаток на интимни односи во љубовната врска.

На прво место се најде падот на ентузијазмот во кревет, со вкупно 32% од гласовите.

Другиот недостаток е време или простор, додека третата наведена причина е преголемиот дел од денот поминат на работа.

На четврто место се најде лошата акција во кревет, додека на пето место се најде неверството.

Шестото место на листата го заземаат карактерните проблеми, а на седмо е преголемата емоционална зависност, додека на осмото место на листата, се најдоа децата.

Во топ 10 се наоѓаат и недостатокот на трудот и моногамијата, односно желбата да се “пробаат искуства и со други лица”.

log in

reset password

Back to
log in
Choose A Format