“Најдобриот другар ми ја запали куќата додека моите родители беа внатре, а после пет години ме праша…”


Синиша покажал каков човек е во 2000та година во Загреб.

Синиша Михајловиќ имал тежок животен пат во кој пребродил многу тешки ситуации. Последната од нив била и најтешката, кога се борел против леукемија, против која храбро и победил.

Пред тоа Синиша преживеал тешка ситуација во младоста, кога поради војната во Хрватска останал без родната куќа, која после Олуја, му ја запалил најдобриот другар од детството, Стипе.

Пет години подоцна, Синиша се нашол очи во очи со човекот кој му го запалил семејниот дом и пукал во неговата слика на ѕидот.

Михајловиќ, во својата автобиографија опишал како изгледала средбата со Стипе, 5 години подоцна во Загреб, кога репрезентацијата на Југославија играла против Хрватска.

Некогашниот пријател на Синиша, кој го сметал за брат, молел за прошка. И ја добил, бидејќи тој покажал колку голем човек е, подготвен да ги прости и најтешките злострства врз него.

-Под мој притисок, родителите ги спакуваа најосновните работи и се доселија во Белград. Ни се приклучи и братот Дражен. После до нас стигна вест дека нашата куќа во Борово е минирана и дека некој истрелал куршум во мојата слика на ѕидот. Во тој грозен чин имало и одредена симболика, пораката беше повеќе од јасна. Кој можел да фрли бомба на нашиот дом? Кој и зошто пукал во мојата и сликата на Дражен?

-Тие прашања ме прогонуваа се додека конечно не ја дознав вистината. Тоа го направил Стипе, еден од моите најдобри другари од детството, кој го доживував како брат. Се видовме во 2000та година во Загреб. Пристигна во хотел и ме праша дали се знам. Ми призна дека ја запалил куќата, но и дека ги спасил моите родители. Му простив – пишува тој во книгата “Божја левица”, која во 2012 година ја напишал Мирослав Гавриловиќ.

log in

reset password

Back to
log in
Choose A Format