Неколку проблеми кои ги имаат жените со голем задник, тие не можат да…


Неколку проблеми кои ги имаат жените со голем задник, тие не можат да…

Ретко кога целосно ви одговараат некои фармерки

Големи се шансите дека тие ќе бидат преголеми во еден дел, а премали во друг. Доколку ви се точни кај половината, кај бутините изгледаат како дека ќе пукнат секој момент, ако ви се точни кај колковите, областа кај половината секогаш ви стои отворена.

Чувствувате и љубов и омраза кон панталоните кои се растегнуваат

Тие се толку удобни, но не можете да ги носите никаде без да чувствувате дека со нив привлекувате премногу внимание.

Кратките панталони постојано ви се качуваат нагоре додека одите

Со нетрпение чекате да се најдете во ситуација каде што никој не ве гледа со цел да ги спуштите надолу, а истото се случува со здолништата.

Не можете да облечете фармерки без процесот „скокни и повлечи“

Редовно скокате низ вашиот дом во обид да ги облечете вашите тесни фармерки.

Вие сте познати како девојката со големиот задник

Постојано се нервирате зошто никој не ви се обраќа со вашето име.

По секоја пуштена машина за алишта, вие сте убедени дека вашата облека се смалува, а не дека вашиот задник се зголемува

Постојано ја одржувате истата тежина и нема друго логично објаснување за тоа што се случува.

Тесните фармерки не се ваши пријатели

Тесните фармерки изгледаат многу убаво на куклите во излозите, но секој пат кога вие ќе се обидете да ги облечете сфаќате дека тие едноставно не се за вас.

Со ниската половина и самиот дизајн на овие фармерки едноставно во нив нема доволно место за вашиот задник.

Имате потешкотии кога треба да поминете покрај луѓе за да стигнете до вашето седиште на стадион или во кино

Има толку малку простор помеѓу нив и вашиот задник што потребно е да бидете премногу внимателни со цел да не ги удрите нив или нивните пијалаци на поминување.

Мразите да се качувате по скали пред други луѓе

Идејата дека вашиот задник е на иста линија со лицето на некој странец е доволно застрашувачка, затоа постојано го одбирате лифтот.

Невозможно е да одговорите на прашањето „Која големина носите?“

На различен дел од вашето тело му прилега различна големина, па токму затоа мора да правите различни комбинации на облека или, пак, дополнително да ја поправате откако ќе ја купите со цел да „легне“ соодветно на вашето тело.

Или сте научиле да шиете или сте потрошиле многу пари на кројачи

Досега не се случило ниту една купена облека совршено да одговара на формата на вашето тело.

Морате да вложите повеќе труд во вежбалница за да се изборите со гравитацијата

Никој не сака виснат задник, па токму затоа постојано вежбате со цел да го одржите вашето тело во форма.

log in

reset password

Back to
log in
Choose A Format