Неколку работи кои можат да ги купат само милијардерите, обичниот човек може да сонува за овие работи


Неколку работи кои можат да ги купат само милијардерите, обичниот човек може да сонува за овие работи…

Милијардерите припаѓаат на онаа мала група на луѓе кои не мора да се грижат за пари. Еве само некои од работите кои можат да ги купам, а за кои обичниот свет не може ниту да размислува.

Мегајахти од половина милијарда долари

Милионерите купуваат јахти, а милијардерите мегајахти. Роман Абрамовиќ во 2010 година ја купил мегајахтата “Eclipse” за која издвоил неверојатни 500 милиони долари.

Уметнички ремек дела

Најскапата слика продадена на аукција е дело на Леонардо да Винчи, по име Салватор Мунди. Оваа слика од 1500. година која го прикажува Исус Христос е продадена во аукциската куќа “Kristiz” за 450 милиони долари, а купувачот бил саудискиот принц Бадр бин Абдулах бин Мохамед бин Фархан Ал Сауд.

Куќа која чини повеќе од 100 милиони долари

Најбогатите луѓе на светот живеат во најскапите домови кои се ноаат на изолирани и добро обезбедени места, а опфаќаат монументални поседи, со хеликоптерски писти, приватни теретани, кино сали, базени и слично.

Најбогатиот Индиец, со своето семејство живее во облакодер вреден 2.2 милијарди долари.

Пат во вселената

За вселенскиот туризам наголемо се зборува со години, но се уште не се направени доволно чекори во приближување на оваа активност до обичниот народ.

НАСА троши од 60 до 150 милиони долари за лансирање ракета во вселената, а првиот патник кој туристички отпатувал во Земјината орбита бил Денис Тито. За ова патување, тој издвоил 20 милиони долари.

Приватен авион

Милионерите летаат со прва класа и изнајмуваат приватни авиони. Меѓутоа, само милијардерите можат да си дозволат сопствен авион, бидејќи цената за оджрување е премногу висока. Модел како што е Gulfstream G650 се продава по цена од 65 милиони долари.

Приватна подморница

Милијардерите без проблем можат да си дозволат приватна подморница како Тритон, која чини околу 48 милиони долари. Со оваа подморница, можете да стигнете до самото дно на океанот.

Ретро спортски автомобили

За новиот модел на Тесла треба да издвоите околу четвртина милион долари. Меѓутоа, доколку сакате да возите ретки колекционерски примероци како што е Ferrari 250 GTO од 1962. година, ќе ви бидат потребни неколку десетици милиони долари.

Направени се само 39 примероци од овој модел, а на приватна аукција во 2014. година, еден е продаден за дури 38 милиони долари.

log in

reset password

Back to
log in
Choose A Format