Ова е најдобриот начин за подготовка на поховани мезалаци, не заборавајте да ги…


Речиси сите ги сакаме оние крцкави похoвани работи кои одат во комбинација со секое јадење.

Но, за да уживате уште повеќе во вашите мали поховани продукти, ние ви нудиме рецепт за поховање на orly начин.

Смесата за поховањето се прави од брашно, јајца и пиво. За да ви го илустрираме овој начин на приготвување, ќе поховаме печурки и тиквички.

При приготвувањето на смесата, морате да ги одвоите жолчките од белките, бидејќи пивото и брашното ќе ги помешате со жолчките, па затоа белките треба добро да ги одвоите. Доколку не ги извадите белките, нема да ја добиете совршената смеса за похoвање.

Во жолчките ќе го додадете прво пивото и потоа брашното. Пивото се додава со цел зеленчукот да поприми повеќе од смесата и убаво да се наполни. Токму поради пивото, повеќето луѓе сметат дека овој начин на приготвување е поздрав.

Изматете ги белките и додадете ги во смесата. Мешајте сè додека не добиете пенеста смеса која лесно се мати.

Откако ќе ја подготвите смесата, во неа натопете ги продуктите и пржете ги во масло.

Оrly начинот е погоден за понежни производи како што се тиквичките, печурките или рибите. Добиените крцкави јадења можете да ги измешате со каква било салата и да уживате во нив!

log in

reset password

Back to
log in
Choose A Format