Ова се најздравите видови на месо, можете да ги конзумирате без никаква грижа


Иако црвеното месо го бие лош глас, тоа може да биде квалитетен дел од правилната исхрана.

Хамбургерите, колбасите и пилешките крилца на многумина им се омилени парчиња месо, но тие никако не се најдобар избор за вас. Но не треба во целост да се откажете од месото, бидејќи здравите протеини кои месото ни ги овозможува се секогаш добредојдени.

Добро е да запомните дека токму месото е клучен извор на витамини и минерали како витамин Б12 и железо. Следните видови на месо се најдобар избор за вашето здравје.

Месо без маснотии

Сите нутриционисти ќе се согласат дека треба да се бара месо без многу масти, а најдобро би било да содржи 10 грама маснотии по парче. Се смета дека не е лоша идеја да се исчисти месото од маснотии, кожа, и при подготовка да се вари или пржи без масло и многу сол, се со цел тоа парче месо да остане здраво за конзумација.

Мисиркино без кожа

Мисиркиното месо е со најмалку маснотии и е одличен извор на витамините Б6 и Б3. Тие нутриенти му помагаат на срцето да остане здраво, го подобруваат варењето, функционирањето на мозокот и ја дополнуваат вашата енергија. Иако не е во целост без масти, мисирките батаци се добар извор на железо кое е клучно за правилна работа на метаболизмот и срцето, а недостатокот на овој минерал може да доведе до анемија.

Пилешки гради без кожа

Пилешкото е одличен извор на витамини Б6 и Б3, а тоа е само почеток. Истражувањата покажуваат на тоа дека пилешкото игра позитивна улога во одржувањето на посакуваната телесна маса, но и здравиот живот. Со тоа, белото пилешко месо е добар извор на фосфор и рибофлавин. Доколку се прашувате што е со темното пилешко месо, тоа може да се пофали со поголеми количини на цинк од белото месо.

Свинско филе

Месото без многу маснотии е добар избор, а кога во прашање е свинското месо, тогаш секако изберете го свинското филе.

Рамстек и мелено говедско (95% месо без маснотии)

Иако црвеното месо го бие лош глас, тоа може да биде квалитетен дел од правилната исхрана, а така тврди истражувањето спроведено пред неколку години од страна на “Proceedings of the Nutrition Society”. Говедското е добар извор на протеини и есенцијални нутриенти.

Доколку е можно, изберете месо од животно кое растело на отворено и таму се хранело, бидејќи тоа месо ќе содржи повеќе витамин Е и антиоксиданси.

Внимавајте месото да не го печете на високи температури, бидејќи истражувањето покажуваат дека изгорениот дел од месото може да биде и опасен за здравјето.

log in

reset password

Back to
log in
Choose A Format