Ова се најплатените фудбалери на светот: Првиот заработил 126 милиони долари


Ова се најплатените фудбалери на светот: Првиот заработил 126 милиони долари…

Фудбалерот на Барселона Лионел Меси е најплатен фудбалер во 2020. година, се наведува на листата која ја објавил магазинот Форбс.

Форбс проценил дека годишната заработка на Лионел Меси изнесува 126 милиони долари.

Аргентинецот за 16 години во Барселона освоил 34 трофеи, а се смета за еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, што во кариерата му донесе заработка од милијарда долари.

Позади него е фудбалерот на Јувентус Кристијано Роналдо со 117 милиони, а на трето и четврто место на листата се наоѓаат напаѓачите на Пари Сен Жермен, Нејмар со 96 милиони долари и Килијан Мбапе со 42 милиони.

Во однос на минатогодишната листа првите тројца не ги менувале местата.

Фудбалерот на Ливерпул Мохамед Салах се најде на петото место со годишна заработка од 37 милиони долари, позади него е Пол Погба од Манчестер Јунајтед со 34 илиони, додека еден милион помалку заработил Антоан Гризман од Барселона.

Фудбалерот на Реал Мадирд Гарет Бејл го зазема осмото место по годишна заработка со 29 милиони долари, а позади него е напаѓачот на Баерн Роберт Левандовски со 28, како и голманот на Манчестер Јунајтед Давид де Геа со 27 милиони долари.

log in

reset password

Back to
log in
Choose A Format