Овие знаци покажуваат дека покрај вас е вистинската личност, вие сте ја пронашле љубовта на вашиот живот


Можеби, вие сте вистинската среќничка!

Совршениот маж не изгледа, тој се однесува. Кога е во прашање физичкиот изглед, дефиницијата за совршенство варира од личност до личност. Но во емотивен поглед сите ги посакуваме речиси истите квалитети. Овие знаци гарантираат дека покрај себе имате одличен маж или партнер, тврдат експертите.

Со него се чувствувате сигурно

Во друштво на добар маж, жена никогаш нема да се почувствува несигурно. Без оглед на тоа дали станува збор за несигурност поврзана со физичкиот изглед, начинот на кој треба да обработите некоја задача или чувствата во врската – вистинскиот маж знае како да ги смири сите женски сомневања.

Ја зголемува вашата самодоверба

Добриот маж никогаш нема да се послужи со манипулации, без разлика дали физички, емоционални или сексуални, за да го добие она што го сака или да го контролира начинот на кој неговата сакана размислува. Тој не омаловажува. Напротив, со своето однесување само ја зајакнува нејзината самодоверба.

Тој е ветар во вашиот грб

Добриот маж никогаш нема да ограничи жена во остварувањето на сите нејзини потенцијали. Тој ќе и биде најголема поддшка, а по потреба и рамо за плачење. Тој нема да дозволи својата сакана да се откаже од своите соништа. Напротив, тој ќе и биде огромна мотивација и поддршка.

Верен ви е

Неверството воопшто не му паѓа на памет, без оглед на тоа дали станува збор за физичко или емотивно неверство. Во неговиот живот има место само за една жена – вас.

Знае дека ви е потребно време само за себе

Добриот маж знае дека квалитетниот брак го прави компромисот помеѓу двете лица кои имаат потреба да одвоено слободно време го поминат сами со своите интереси. Тој знае како да ве поттикне да одвоите време само за себе.

Ви дава простор да бидете своја личност

Доколку го замолите за совет, ќе ви го даде своето мислење. Но никогаш нема да ги наметнува своите мислења ниту пак ќе очекува да размислувате како него. Тој едноставно премногу ве цени за да се однесува така.

Секогаш сте му на прво место

На него можете да се потпрете во сите важни моменти од животот – тој ви е омилена личност за прославување на прекрасни вести, но и споделувања на тешки моменти.

log in

reset password

Back to
log in
Choose A Format