Одлични вести за сите оние кои имаат мал, сексолог тврди дека надарените мажи имаат голем проблем со ова…


Нема причина за грижа доколку сте во оваа група, жените сепак ценат нешто друго…

Сакале да го признаат тоа или не, но голем број мажи се несигурни кога станува збор за димензиите на нивниот алат. Доколку не се сомневаат во неговата должина, се грижат поради својата дебелина.

Едно истражување го смести машкиот полов орган во 15 категории, а објаснето е и кои од нив жените најмногу ги преферираат. За тоа што се смета за просек, зборува едно ново истражување кое заклучило дека просечната должина на пенисот во текот на ерекција изнесува 13.12 сантиметри, додека во опуштена состојба, таа бројка изнесува 9,16 сантиметри.

Утврдено е дека дури 85% од мажите имаат просечна или малку под просекот големина на пенисот. Сексологот Надја Бокоди од Сиднеј вели дека големината на половиот орган не само што не е важна, туку дека надарените мажи се често полоши љубовници во кревет.

“Паралелно со вообичаените предрасуди, маж со огромен пенис не е сон на секоја жена, а оние кои се надпросечно надарени најчесто не ги исполнуваат очекувањата во кревет”, вели Бокоди и додава дека еден од проблемите е тоа што ваквите мажи често сметаат дека е доволно само да “пенетрираат” и дека жената ќе биде задоволена.

Голема е веројатноста да не ја знаат тајната за женскиот оргазам. Повеќе од 75% од жените не можат да доживеат оргазам исклучиво со пенетрација, што значи дека од големината на пенисот многу поважна е предиграта, оралниот секс, допирите и посебно, познавањето на сложената анатомија на женскиот интимен регион и препознавањето на сигналите кога нешто и одговара, а кога не.

“Потребна ни е едукација, труд и да се оттргнеме од порнографските стереотипи се со цел да им објасниме на мажите што жените сакаат и што ги доведува до задоволство, се со цел тие да можат да стекнат самодоверба на основа на своите љубовни вештини, а не на своите сантиметри кои ги имаат во гаќи”, вели Надја.

log in

reset password

Back to
log in
Choose A Format