Откако ги фотошопирала фотките од сопругот, започнале да и се јавуваат луѓе од секаде низ светот (ФОТО)


Откако ги фотошопирала фотките од сопругот, започнале да и се јавуваат луѓе од секаде низ светот.

Шер Овермен и нејзиниот сопруг Нејт се родители на три момчиња, и тие се воглавно целосно нормално семејство – но, постојано уморни од работните и обврските во домот. Поради тоа одлучиле да заминат во посета на роднини во американската држава Индијана, се со цел да одморат од секојдневните обврски.

На пат до посакуваната дестинација, секој од родителите одмарал на свој начин. Шер не очекувала дека нејзиниот сопруг ќе задреме на седиштето во автомобилот. Кога го здогледала, одлучила малку да се пошегува.

This is the best post I’ve seen in a group in a long time! His wife asked if everyone could photoshop things in the window that her husband “missed while he was sleeping” 🤣

Posted by Trisha Keel on Saturday, August 29, 2020

Бидејќчи иначе е професионален фотограф. На Шери ова играње со глетките не и било нешто поготово тешко. Дури ги насмеала и пријателите на Инстаграм.

“Член сум на група за неверојатно надарени фотографи на Фејсбук. Одлучив таму да објавам фотографија од својот сопруг во автомобилот и ги замолив луѓе да монтираат некои забавни позадини, се со цел да изглеадла како да заспал, додека околу него се случуваат луди работи”, изјавила Шер.

“Му беше урнебесно. Имавме сјаен остаток од возењето, и тоа е тоа”, изјавила таа. После неколку дена, нивните фотографии станале вирални.

“Подоцна, секојдневно добивав пораки од луѓе од Јужноафриканската Република, Австралија и Нов Зеланд, кој му испраќаа фотошопирани фотографии од мојот сопруг”.

“Имаше луѓе кои конечно после долго време од срце се смееја, благодарение на овие фотки”.

Речиси три недели и 300.000 споделувања на Фејсбук подоцна, луѓето и понатаму ја лајкнуваат и коментираат објавата.

“Ова собра огромен број луѓе од целиот свет. Ова е лудо”, заклучила Шер

log in

reset password

Back to
log in
Choose A Format