Поранешната жена на Трамп ја прашаа што мисли за Меланија, таа ја опиша со еден збор


Поранешната жена на Трамп ја прашаа што мисли за Меланија, таа ја опиша со еден збор.

Ивана Трамп, првата сопруга на американскиот претседател Доналд Трамп, гостувала во емисијата “Loose Women” која се емитува на британска телевизија и открила детали за својот однос со поранешниот сопруг, но и што мисли за Меланија.

Оваа 71-годишна деловна жена со потекло од Чешка, признала дека често се слуша со својот поранешен сопруг, но и дека не разговара со неговата нова сопруга Меланија.

“Разговарам директно со него. Зборуваме за нашите деца, понекогаш и за економската ситуација, но не е дека му делам совети, само му кажувам што мислам. Не се мешам во неговиот приватен живот”, изјавила Ивана.

За неговата сопруга не била многу зборлива. На прашањето дали ја запознала кратко одговорила: “Секако дека да”.

Следело прашање дали смета дека Меланија добро ја работи својата работа како прва дама.

“Не сум сигурна. Таа е многу тивка. Не оди на многу места. Оди таму каде што мора. Тивка е”, одговорила Ивана, која со Доналд помина 14 години во брак и заедно имаат три деца.

Погледнете го видеото во продолжение:

log in

reset password

Back to
log in
Choose A Format