После 80 години решена мистеријата: Пронајден трупот на нацистичкиот брод од Втората светска војна


После 80 години решена мистеријата: Пронајден трупот на нацистичкиот брод од Втората светска војна

Норвешките сили го погодиле германскиот брод, а го торпедирала и британска подморница пред посадата да успее да го напушти продот.

Трупот на германскиот воен брод од Втората светска војна кој е потопен во 1940. година, е пронајден на јужниот брег на Норвешка.

Бродот “Karlsruhe” на 9. април 1940. водел напад на градот Кристиансанд на југот на земјата во текот на германската инвазија на Норвешка. Норвешките сили го погодиле германскиот брод, а го торпедирала и британска подморница кратко пред посадата да успее да го напушти.

“80 години никој точно не знаеше каде потонал бродот”, изјавил археологот Фроде Квало од Норвешкиот поморски музеј. “Тоа е извонредно откритие”.

“Предниот дел е разнесен бидејќи торпедото погодил складиште со муниција”, изјавил Квало. Додал и дека бродот долг 175 метра, доколку се одземе оштетувањето на предниот дел, е во добра состојба.

Истражувачите во јуни со помош на пловила на далечинско управување и сонари го проучиле бродот и ги откриле неговите девет топа во три тројни куполи.

Квало ја исклучил можноста за вадењето на бродот поради големите трошоци.

Бродот е пронајден на длабочина од 490 метри, околу 15 метри од помодрскиот електроенергетски кабел помеѓу Данска и Норвешка.

Трупот за прв пат е откриен со сонар пред три години во текот на извршување работи на кабелот, пишува Полн Куфер.

log in

reset password

Back to
log in
Choose A Format