“Потекнувам од сиромашно семејство, имам завршено факултет, сам плаќам кирија, а девојка ми е ќерка на…


“Потекнувам од сиромашно семејство, имам завршено факултет, а девојка ми е ќерка на…

Ја сум од сиромашно семејство, имам завршен факултет, работам и плаќам кирија за свој стан. Понекогаш им помагам на моите.

Мојата девојка пак е дете на инжинер, од добро ситуирана фамилија, нејзините и купија стан, ги плаќаат сите нејзини сметки и трошоци, а таа има плата пониска за 50 евра од мојата.

Секој пат кога ќе излеземе, таа го бира местото, а сето тоа подразбира дека треба се јас да платам.

Пред некое време ми префрли кога излеговме поради тоа што не сакав да вечераме во ресторан каде што просечно вино и вечера чини повеќе од 3.000 денари.

Кога и дадов до знаење дека немам за тоа, таа ми рече дека сум стипса и дека мојата плата е поголема од нејзината.

Мене тоа ме боли, бидејќи сметам дека мажот треба да биде кавалер, но не и роб на жените. Околу останатите работи добро се сложуваме, но навистина не знам како да го решам овој горчлив проблем кој е единствената мана на мојата врска.


Like it? Share with your friends!

1
3 shares, 1 point

log in

reset password

Back to
log in
Choose A Format