Потрошила 110.000 евра за да го има најтенкиот струк на светот, а сега планира да “вади ребра” (ФОТО)


Потрошила 110.000 евра за да го има најтенкиот струк на светот, а сега планира да “вади ребра”…

Дора Родригез сонува за тоа да има тело како Барбика.

Манекенката Дора Родригез се одлучила на екстремен потег – за да го најтенкиот струк на светот, досега потрошила неверојатни 110.000 евра.

Дора во низа операции одлучила својата линија да ја доведе во ред, за да може да се слика за виетнамското издание на престижниот магазин “Harper’s Bazaar”.

“Во последните неколку месеци потрошив повеќе од 110.000 евра на липосукција и зголемување на градите. Успеам од 80 сентиметри, струкот да го намалам на 60 сантиметри”, изјавила Родригез.

Дора не сака тука да запре и по секоја цена сака да го оствари својот сон – да има тело како Барбика.

Иако нејзините последни фотографии шокираа многумина, бидејќи сите мислеа дека се работи за лош фотошоп а не за реална големина на нејзиниот струк, Дора наведува дека во план има нов, уште подрастични операции.

“Сосем е логично да размислувам за вадење ребра, а секој таков зафат ќе ме чини 10.000 евра”, објаснила Дора.

“Пресреќна сум со резултатите и мислам дека пластичната хирургија е вистински начин да ги остварите своите соништа”, заклучила Дора Родригез.

log in

reset password

Back to
log in
Choose A Format