Предвидувањата на Едгар Кејс: Овие градови во САД и Европа наскоро ќе исчезнат


Американецот Едгај Кејс, пророк и визионер, оставил многу предвидувањата во врска со САД.

Според зборовите на парапсихологот, картата на Америка во целост ќе стане непрепознатлива, многумина американски градови ќе исчезнат од лицето на Земјата.

Но тоа ќе се случи не само поради тоа што луѓето нема да бидат во состојба да решат одредени проблеми, туку едноставно нема да имаат време за тоа.

Едгар Кејс ја предвидел Првата и Втората светска војна, победата на СССР, падот на комунизмот, формирањето на државата Израел, независноста на Индија и пронаоѓањето на ласерот.

Меѓутоа, Едгар бил роден, израснал и починал во САД, така што не е чудно што многу од неговите предвидувања на некои начин биле поврзани со САД.

Кејси според одредени сознанија го предвидел падот на берзата во 1929. година и економскиот процвет кој селдел четири години подоцна. Тој исто така го предвидел и атентатот на Џон Ф. Кенеди.

Според предвидувањта на Едгар, Њу Орлеанс би бил целосно уништен. Предвидувањата на пророкот станале вистина во 2005. година, кога Њу Орлеанс го погодил ураганот Катрина, најлошиот во историјата на Америка. Починале околу 2.000 луѓе, а речиси 80% од територијата на големиот град бил под вода. Се се случило како што рекол тој: “Катастрофата може да се случи многу брзо. Човештвото веројатно нема да има ниту еден ден за да се спаси.”

Поточно, овие зборови на Едгар се однесуваат на многу катастрофи кои ги предвидел тој. Навистина, покрај Њу Орлеанс, во иднина и Лос Анџелес и Сан Франиско би требало да бидат темелно уништени, а Њујорк целосно збришан од лицето на земјата.

Некои истражувачи се уверени дека Едгар направил грешка, бидејќи наведените градови се уште постојат, додека пак други веруваат дека најлошото допрва следи. Едгар Кејс исто така предвидел и исчезнување на јужните делови на Каролина, Џорџија и Калифорнија.

Според прогнозите на Едгар Кејс, сите наброени градови и територии на САД ќе потонат во заборав поради природните катастрофи. Кејс ги поврзал овие катастрофи со промената на земјината оска и промената на половите.

Јасно е дека таквите глобални промени би требало да влијаат не само на САД, туку и на другите држави во светот.

Според Едгар, во иднина подрачјата со студена или суптропска клима ќе станат тропски: “Таму ќе расте папрат”. Отворени води ќе се појават во северните региони на Гринланд, а на Карибите ќе се појават нови острови. Поголемиот дел од Јапонија ќе биде прекриен со вода, а Европа ќе се трансформира толку многу, што повеќе нема да личи на денешната Европа, пишува webtribune.


Like it? Share with your friends!

-2
1 share, -2 points

log in

reset password

Back to
log in
Choose A Format