Професорка починала од корона во текот на часот? Кажала само два збора пред да падне на земја


Професорка починала од корона во текот на часот? Кажала само два збора пред да падне на земја…

Паола Де Симоне, професорка по историја на факултетот во Буенос Аирес паднала среде онлине предавање. Починала од последица на коронавирус.

Уште пострашно е што учениците гледале како професорката се гуши, а не можеле да и помогнат бидејќи настава држела од својот дом преку интернет.

Паола де Симоне (46) започанала да се бори со дишењето додека предавала во средата. Нејзините студенти ја барале нејзината адреса да испратат итна помош, но професорката не можела да зборува, пренесува Фокс Њуз.

Таа само кратко изговорила “Не можам” пред да се онесвести. Де Симоне подоцна сопругот ја пронашол мртва во својот дом.

Професорката со недели се борела со коронавирусот пред да почине.

Во објавата на Твитер неколку дена порано, изјавила дека нејзините симптоми поврзани со Ковид-19 продолжиле и после четири недели.

“Многу комплицирано. Повеќе од четири недели сум позитивна на вирус, а симптомите не поминуваат. Сопругот е исцрпен поради целата ситуација”, напишала таа, пренесува српски Мондо.

log in

reset password

Back to
log in
Choose A Format