Руски агент ги открил најголемите тајни за Путин: Тој беше само мајор во КГБ, а потоа на власт го донесе…


Путин бил само мајор во КГБ, агенција која ја напуштил во 1991-та година. Можел да стане потполковник една година подоцна, но тоа не се случило.

Владимир Путин само позира како потполковник, вели Олег Калугин, поранешен офицер на КГБ и остар критичар на рускиот претседател. Калугин исто така тврди дека Путин директно ги надгледувал воените злосторства во Чеченија и опструирал истрага за главниот обвинител за масовна корупција во Кремљ.

Според неговите зборови, Путин бил само мајор во КГБ, агенцијата која ја напушил во 1991-та година.

“Можеше да стане потполковник една година подоцна, но тоа не се случи”, наведува Калугин.

Калугин, кој живее во САД и кој во Русија бил осуден на 15 години затвор за предавство, вели дека со именувањето на Путин во 1998-та година за директор на КГБ, подоцна ФСБ, било прекршено основното правило на агенцијата, дека на нејзината челна функција може да стои само генерал. Тој исто така ги потврдил шпекулациите дека ФСБ стоела зад скандалот со секс снимката, кој ја завршил кариерата на Јури Скуратов, главниот државен обвинител во Русија во доцните 90-ти години.

Калугин вели дека Скуратов бил отстранет за да биде спречен да продолжи со истрагата за корупциските бизниси, за кои се верувало дека ги води поранешниот руски претседател Борис Елцин, човекот кој го донел Путин на власт, како и негови блиски соработници, меѓу кои и ќерките на Елцин.

“Тоа беше специјална операција на ФСБ со цел да се дискредитира еден важен службеник, а во видеото се послужија со лице кое многу личи на главниот државен обвинител”, изјавил Калугин, објаснувајќи го контроверзното видео објавено во 1999-тата година, на кое се гледа човек во кревет со проститутки.

Поранешниот службеник на КГБ, исто така именувал и двајца наводни соработници на руските тајни служби: рускиот националист Владимир Жириновски и покојниот лидер на Руската православна црква, патријархот Алексеј. Калугин вели дека лично го познавал Алексеј и дека врховниот свештеник му признал сè за своите тајни советски врски во тајната служба, но и дека тоа го оправдувал како единствен начин во тоа време да ја зачува руската црква.

Калугин исто така се потсетил на едно од најнечувствителните убиства во 20-от век: убиството на бугарскиот писател и дисидент Георги Марков во Лондон, за време на Студената војна. Калугин вели дека Марков бил убиен од бугарската тајна служба и дека Јури Андопов, кој тогаш бил на чело на КГБ, дал зелено светло за тоа убиство. Марков, кој живеел во егзил во британската престолнина, бил отруен со убод од чадор, додека чекал автобус во септември 1978-та година. Умрел четири дена подоцна на возраст од 49 години, зад себе оставајќи ја сопругата и 2-годишната ќерка. Калугин тврди дека Андропов најпрво имал намера да го одбие барањето на Бугарите да им помогне во убиството, но потоа се премислил, бидејќи одбивањето би можело да им наштети на односите на Москва со бугарската разузнавачка агенција.

Според неговото објаснување, КГБ само им помогнал на своите бугарски колеги, и Андропов им забранил на агентите директно да учествуваат во убиството. Сепак, лабораторијата на КГБ на Бугарите им го дала отровот кој тогаш бил користен на чадорот, раскажал тој, пренесува Слободна Европа>

“Тоа буквално беше само еден милиграм отров, мала капка рицин сместена во капсула на врв од чадор. Кога чадорот ќе се отвори, и на далечина од три до пет метри, доволно е само да боцне некого”, навел тој.

Калугин бил уапсен во Лондон во 1993-тата година и испрашуван за ова убиство, но бил ослободен без да биде обвинет. Убијците на Марков никогаш не биле пронајдени.

Сосема случајно, Калугин бил поврзан и со случајот на Александр Литвињенко, поранешен офицер на ФСБ, кој умрел во Лондон во ноември 2006-тата година, откако пиел чај со радиоактивната супстанца “полониум-210”.

Калугин верува дека Литвињенко бил убиен од ФСБ, бидејќи открил “нечовечки аспекти” од приватниот живот на Путин. Тој вели дека лично го предупредил Литвињенко за опасноста на која изложен.

“Му се јавив кога беше во Лондон и му кажав дека не требаше да пишува за работи од приватниот живот на Путин”, рекол Калугин и додал: “Потоа умре, моето предупредување беше задоцнето”.

Овој инцидент, пак, него нè го спречил отворено да го критикува Путин и неговата политика. Двајцата меѓусебно си разменувале остри критики. Калугин, рускиот лидер го етикетирал како “исцрпен” лидер, но и како “воен злосторник”, мислејќи на неказнетите дела кои руските сили ги извршиле во текот на Втората чеченска војна. Запрашан дали стравува дека би можел да ја доживее истата судбина како Марков и Литвињенко, Калугин тврди дека го штитат влијателни пријатели од најблиските кругови на Путин.

Но, сепак има една тема која не сака да ја споменува поради својата лична безбедност. Станува збор за тајните од приватниот живот на Путин. “Кога ме прашуваат за Путин”, јас велам: “Прашајте ја неговата сопруга, со неа минал 30 години”.

log in

reset password

Back to
log in
Choose A Format