Стопирано испитувањето на оксфордската вакцина: “Необјаснива болест”


Стопирано испитувањето на оксфордската вакцина: “Необјаснива болест”.

Компанијата “Астра Зенека” сооптши дека привремено е стопирано клиничкото испитување на експерименталната вакцина против коронавирус која таа компанија ја разви во соработка со Универзитетот Оксфорд.

Имено, испитувањето е сопрена откако еден од учесниците на тестирањето имал лоша реакција.

Компанијата Астра Зенека опиша дека сопирањето на тестирањето е вообичаена пауза во случај на “необјаснива болест”.

Како што се наведува, таа вакцина е сметана за една од подобрите помеѓу вакцините кои се развиваат ширум светот.

Портпаролот на Универзитетот Оксфорд изјавил дека при големи тестирања се случуваат влошувања, кои мора внимателно да се следат.

Како што се наведува, ова е втор пат тестирањето на вакцината да е одложено и се претпоставува дека тестирањето ќе продолжи зза неколку дена, пишува Б92.

log in

reset password

Back to
log in
Choose A Format