Темпирана бомба во Индискиот океан: Ова може да биде голема катастрофа (ФОТО)


Темпирана бомба во Индискиот океан: Ова може да биде голема катастрофа…

Нафтениот танкер “Њу Дајмонг”, регистриран во Панама, две дена гори кај Шри Ланка, поради што се стравува дека би можела да се излие голема количина нафта во Индискиот океан.

Пожарот на танкерот, кој пловел од Кувајт во Индија, избил поради експлозија.

Морнарицата на Шри Ланка и Индиската крајбрежна стража со водени топови го залиле бродот во пламен, а во гасењето на пожарот е ангажиран и хеликоптер.

Танкерот, долг 330 метри, превезува 270.000 тони сирова нафта и 1.700 тони дизел.

Во експлозијата на танкерот загинал еден член на филипинската посада, а преостанатите 22 члена на посадата, петмина грци и 17 филипинци, се евакуирани од бродот, соопштиле властите.

Танкерот патувал од Кувајт во источно индиското пристаниште Парадип, а бил оддалечен 60 километри од источниот брег на Шри Ланка која бил испратен сигнал за помош.

Додека пожарот беснеел, танкерот се приближувал на брегот, а индиската крајбрежна стража навела дека настанала пукнатина од два метри на трупот на бродот околу 10 метри над висината на морето.

Центарот за управување со катастрофи во Шри Ланка наведува дека нема опасност од излевање нафта во морето.

“Не е лошо како што изгледа”, изјавил директорот на центарот, за АФП.

“Пожарот не се проширил на товарот. Кога ќе се изгаси пожарот, бродот ќе биде одвлечен во длабоко море”, додаде тој. Тој исто така ги советуваше властите да ја разгледаат можноста да ја префрлат нафтата на друг брод.

Танкерот е поголем од јапонскиот теретен брод МВ Вакашио, кој удри во гребен на Маурициус во јануари, при што истекоа повеќе од илјада тони нафта во морето.

Малдивите, кои зависат од туризмот и риболовот и го имаат еден од најзачуваните корални гребени на светот, изразија загриженост поради можното изливање на нафта од танкерот Њу Дајмонд.

Малдивите се наоѓаат на околу 1.000 километри југозападно од Шри Ланка.

“Ова би можело да биде голема катастрофа”, објави на Твитер Ахмед Насам од Канцеларијата на претседателот на Малдивите и додаде дека Малдивите мора да превземат мерки за претпазливост.

log in

reset password

Back to
log in
Choose A Format