Тито никогаш не го јадел ова јадења, но затоа уживал во најчудните и најскапите специјалитети: На гостите им служел и паштета од…


Тито никогаш не го јадел ова јадења, но затоа уживал во најчудните и најскапите специјалитети: На гостите им служел и паштета од пастрмка.

Поранешниот југословенски претседател Јосип Броз Тито важел за голем хедонист. Иако се опуштал со виски “Chivas royal solute” стар 20 години и пушел цигари од Хавана, кога храната била во прашање, не бил посебено пребирлив.

Како што тврди неговиот последен батлер Јоже Осел во книгата “Последните денови на Тито” на доживотниот претседател на СФРЈ секогаш му сервирале различо месо, прилози и салати, а тојсам ставал што ќе јаде во одреден момент.

-Му донесовме полжави, а тој рече: “О не, јас не би јадел полжави” – откри славниот словенски кувар кој со сопругата седум ипол години се грижеле за неговата храна и подготовка во резиденцијата на Тито на Брдо.

Јосип Броз Тито обожавал загорска кујна, а пред се штрукли (вид на пита). Од месо посебно сакал говедско, а утрото го започнувал со кратко еспресо без шеќер, пренесува Аваз.

Кога во Северна Кореја добил на поклон чај од гинсенг, започнал со ритуално пиење на овој напиток пред спиење.

Благодарение на работата за претседателот, неговиот готвач подготвувал јадења за многу познати личности од светот на политиката и филмската индустрија.

При посетата на британската кралица Елизабета II на Бриони, таа била посложена со сарма од јагнешко во винова лоза, додека последниот претседател на СССР Михаил Горбачов посебно ја обожавам неговата паштета од пастрмка.

Славната филмска дива Елизабет Тејлор обожавала да јаде бифтек, а нејзиниот сопруг Ричард Бартон најмногу уживал во месо на жар.

log in

reset password

Back to
log in
Choose A Format