“Хиените на Хитлер” Овие жени биле сурови и опасни, работеле директно за Хитлер, а Марија била кошмар за непријателите


“Хиените на Хитлер” Овие жени биле сурови и опасни, работеле директно за Хитлер, а Марија била кошмар за непријателите…

Во концентрационите логори во Втората светска војна, нацистите неретко за надзорници поставувале жени. Германската самонаречена “господарска” раса сакала надзорничките да имаат две клучни карактеристики: Да бидат немилосрдни и безрезервно верни на нацистичката идеологија.

“Во тој логор немаше апсолутно ништо лошо”

Вака Марија Мандл, надзорник на еден женски логор, тврдела на судењето после завршувањето на војната. Таа била една од најбруталните жени (3.300 жени надзорници) кои во Равенсбрик ја поминале обуката за оваа брутална работа.

Според перверзната логика на нацистичкиот режим, некој како Мандл бил предодреден за нешто “големо”, a после само три години од Равенсбрик е преместена во смртоносниот логор Аушвиц.

Таму основала женски оркестар кој со “почесна свирка” го следел транспортот на идните жртви во логорите. После војната, таа е погубена поради ѕверските злосторства.

Нацисти за овие професии, давале добри плати, а се огласувале дури и во весниците.

“Се бараат здрави женски лица за воена служба на старост помеѓу 20 и 40 години. Плата по скалило за државни службеници. Бесплатен стан, храна и облека (униформа).”

Многу жени се јавиле поради условите, а една од нив била и Валтраут Г. која отворено признала:

“Не размислував долго. Мислев: добро, ако таму повеќе ќе заработувам, одам таму.”

Ниту Ана Г. немала сомнежи околу работата, за неа работата во логорот едноставно била “поатрактивна од глупата работа на фабричката трака”.

Малку биле оние кои одбиле да ги исполнат барањата на нацистите.
Кристел Венцел, била една од нив и таа била распоредена на работа во производство на оружја.

Од неа се барало да “логорашите ги натера активно да му служат на фирерот и народот”.

Според денешните информации, голем број од овие жени не одговарале за своите злосторства. Имало само 77 судски процеси против суровите надзорнички на Хитлер, а смртна пресуда и била изречена само на Марија и на уште неколку нејзини колешки.

log in

reset password

Back to
log in
Choose A Format