Чувајте ги: Доколку вашата девојка ги има овие карактеристики, таа е вистинска дама


Сте виделе некогаш некоја жена како влегува во соба полна самодоверба држејќи ја главата крената горе? Жена која е решителна, а сепак смирена? Жена која е вистинска дама.

На мажите им се допаѓаат топли, харизматични и силни жени. Еден маж може да биде во врска со откачена секси жена, но ќе биде хипнотизиран од дама која знае да се контролира, а сепак е заводлива.

Дамите се пристојни

Не, кавалерството не е демоде, па ако го очекувате од мажите тогаш и вие треба да бидете исто така учтиви. Ако треба да одбиете некого за нешто, направете го тоа на учтив начин. Секогаш однесувајте се така како што сакате луѓето да гледаат на вас. Имајте свој такт и бидете фини со луѓето. Велете „благодарам” и „извини” кога е потребно, давајте комплименти со шарм кога е прифатливо.

Дамите знаат кога да кажат „не”

Дамите не се согласуваат со работите кои не им се допаѓаат. Тие ги знаат своите вредности и морал. Дамите се здобиваат со почит затоа што знаат да го одбранат она во кое што веруваат истовремено знаејќи дека другите можеби се чувствуваат поинаку и поинаку гледаат на работите. Запомнете дека дамите сакаат да бидат сакани и почитувани за тоа што се, а не за тоа што не се.

Дамите се дарежливи

Дамите не бараат премногу, тие знаат да им даваат на луѓето, а воедно да не бараат ништо за возврат. Многу од познатите дами учествуваат во хуманитарни акции. Правете го тоа со задоволство и со цел да направите некого среќен, или да го промените светот кон подобро.

Дамите не ги потценуваат другите

Можеби серијата „Gossip Girl” го освои светот, но вистинските дами не се однесуваат лошо со луѓето. Иако и на дамите некои луѓе не им се допаѓаат, тие не трошат време дискутирајќи зошто и колку не им се допаѓа некој. Дамите знаат да го извадат најдоброто од секоја ситуација. Дамите не шират лоши гласини и не потценуваат јавно други луѓе.

Дамите знаат да дискутираат без да се расправаат

Дамите знаат како да ја одбранат својата страна во дискусии. Сепак, знаат да ги сослушаат другите, да го процесираат истото и да возвратат.

Дамите не се плашат кога ќе погрешат

Сите прават грешки. Дамите знаат да се насмеат на своите грешки, знаат да бидат среќни во сопствената кожа.

Дамите знаат како да се облечат за секакви пригоди

Иако сите жени сакаат да ги кршат правилата за облекување, покажувајќи ја својата бунтовничка страна, дамите не се облекуваат со цел да бидат центар на внимание, не го подвиткуваат своето здолништо за да го задоволат машкото его. Вистинската дама знае точно како да ја изрази својата убавина.

Дамите патуваат

За да се здобие со перспектива и да разбере дека постојат повеќе начини на живеење, една дама треба да го отвори својот ум и да патува. Една дама треба да знае да патува и да влезе во перспективата на другите луѓе со цел да ги разбере. Затоа што луѓето со различни искуства, различно гледаат на светот.

Дамите се едуцираат

Пред да отиде некаде, пред да запознае некого една дама открива колку што е можно повеќе. Дамите знаат да истражуваат за местата кои ги посетуваат и луѓето кои ги запознаваат.

Дамите слушаат

Дамите не ги прекинуваат другите луѓе за да кажат нешто. Пристојно слушаат и се трудат да ги разберат од нивната гледна точка.

Дамите се смеат

Не постои ништо пошармантно од жена која знае да се насмее.

Дамите имаат манири кога јадат

Дамите ја почитуваат традицијата и знаат како да се однесуваат кога јадат. Знаат која чаша за што точно служи, не се прејадуваат и не се опиваат.

log in

reset password

Back to
log in
Choose A Format