Шефот на Коза Ностра му одгризал прст на чуварот, па го проголтал! Мрачни сцени од затворот во Италија


Шефот на Коза Ностра му одгризал прст на чуварот, па го проголтал! Мрачни сцени од затворот во Италија…

Џузепе Фанара (60) од озлогласениот клан Коза Ностра нападнал седум чувари.

Шефот на сицилијанската мафија, кој служи доживотна казна затвор во Рим, му го одгризал прстот на еден чувар и потоа го проголтал во тек на конфликт со него, пишуваат италијанските медиуми.
Џезепе Фанара (60) од злогласениот клан Коза Ностра нападнал седум чувари во јуни кога дошле да ја проверат неговата ќелија.

-Во тек на конфликт, Фана го одгризал малиот прст на десната рака на еден чувар. Прстот исчезнал, поради што римскиот обвинител заклучил дека го изел – пишуваат италијанските медиуми.

Затвореникот потоа ги нападнла останатите шест чувари, користејќи дршка од метла како оружје, а наводно викал дека ќе им го “пресече вратот како на свињи”.

После конфликтот Фанара е префрлен во високо обезбедениот атвор Сасари на Сардинија, а се соочува и со нови обвиненија, вклучувајќи и тежок напад и несоработување при апсење.

Фанара, која служи доживотна казна во затворот Ребибиа во Рим, веќе девет години е позади решетки поради остриот италијански казнен закон “41-бис” резервиран за членови на мафијата.

Остриот затворкси решим ги изолира мафијашките шефови за да спречи водење на своите кланови додека се позади решетки.

Порано оваа година, Италија одлучи да пушти бројни стари и немоќни мафијашки шефови – вклучувајќи и некои кои припаѓале на Коза Ностра. Таа одлука предизвика негодување, а го приморала Министерството за правда да се откаже и да ја преиспита одлуката.

log in

reset password

Back to
log in
Choose A Format