Југословенски контролор за летање задоцнил три секунди: Пред 44 години над Југославија во судир на 2 авиони загинале 176 луѓе


Југословенски контролор за летање задоцнил три секунди: Пред 44 години над Југославија во судир на 2 авиони загинале 176 луѓе…

На денеен ден пред 44 години над Врбовца во Хрватска на висина од 10.000 метри се судриле два авиони, Douglas DC-9 на фирмата Инекс-Адриа Авиопромет и Hawker Siddeley Trident 3B во сопственост на British Airways, а загинале сите 162 патници и 14 членови на екипажот на двете летала.

Оваа несреќа, се случила во 11:14 часот. Авионот на British Airways, на летот 476, полетал од лондонскиот аеродром Хитроу и бил на пат кон аеродромот Ататурк во Истанбул.

Во него се наоѓале 54 патници и девет членови на екипажот. Авионот на Инекс-Адриа Авиопромет на летотот 550 бил на пат од Сплит кон Келн и Бон, во тогашна Западна Германија.

Во него се наоѓале 108 патници и пет членови на екипажот.

Виновник за несреќата била Контролата на воздушниот сообраќај во Загреб, а Југославија во тоа време била добри односи и со истокот и со западот.

Се случила да од воздушната контрола доцна му јават на еден од авионите да оди. Доколку информацијата на контролата на летот до авионот пристигнала неколку секунди порано, несреќата веројатно би била избегната.

Контролорот на летот Градимир Тасиќ (28) прогласен е за виновен и осуден на седум години затвор, но набрзо казната му е намалена поради побуна на неговите колеги.

Тој имено, три дена по ред работел смена во траење од 12 часа, поради недостаток на персонал.

Помеѓу загинатите најбројни биле германци, поточно жители на Западна Германија, кои се враќале од летување, пишува српски Курир.

log in

reset password

Back to
log in
Choose A Format