Јулија Адлешиќ (22) си ја отсекла раката за да земе милион евра од осигурувањето бидејќи банкротирала?!


Јулија Адлешиќ (22) си ја отсекла раката за да земе милион евра од осигурувањето бидејќи банкротирала?!

На обвинителна клупа во Љубљана Јулија се најде поради отсечената шака. Тврди дека се работи за несреќа која се случила додека сечела гранки со пила. После неколку дена барала исплата на оштетата, но полицијата ја открила измамата, пишува 24сата.

Никој никогаш не би посакал да стане инвалид. Да можам, би го вратила времето и никогаш не би се доближила до пила. Некој мисли дека сум осигурана на голем износ, но во странство таквите високи осигурувања се најнормални, изјави минатата недела на судот во Љубљана во своја одбрана Словенката Јулија Адлешиќ (22), на која и се суди поради обид за измама и намерно повредување за да добие пари од осигурувањето.

Несреќата се случила во 2019 година, таа тврди дека се рабтои за несреќа која се случила додека сечела гранки за огрев со циркуларна пила. После неколку дена побарала исплата од осигурувањето со кои претходно склопила договор, но љубљанската полиција набрзо открила дека се работи за чиста измама, во која Јулија наменро си ја отсекла раката само за да добие пари.

А во сето тоа, како што откриле, не била сама. Како помагачи се осомничени нејзиното момче Себастиен Абрамов (30) и неговите родители, и против сите четворица се поднесени казнени пријави. Како што тврди обвинителството, приказната започнала кон крајот на 2018 година, кога детално ја планирале оваа измама и меѓусебно си ги подеиле улогите како да ја изведат. Уште тогаш склопиле договор со пет осигурувачки компании во случај на несреќа со големи предвидени оштети. Набрзо ги уплатиле и првите рати, при што Јулија би требало да добие 1,1 милион евра во случај на инвалидитет, а веќе на почетокот на минатата година остнала без шака. Според извештајот на полицијата, како што пишуваат словенските медиуми, целата драма се случила во нивниот двор. Кога се случила несреќата, таткото на Себастиен (64) и овозможил прва помош, но отсечениот дел од раката не им го предал. Го оставил таму.

Полицијата отсечениот дел го пронашла и подоцна го однела во болница, каде што докторите успеале да го сошијат, спасувајќи ја од траен инвалидитет. Но, таа се вратила после неколку дена тврдејќи дека со раката нешто не е во ред. Докторите утврдиле дека таа ја стискала раката се со цел операцијата да се прикаже како неуспешна. Полицијата се сомнева дека Јулија на ова ја наговорил токму нејзиното момче Себастиен, на кој му се суди и поради убиство на девојката Сара Вебер во 2015. година, а за што тој тврди дека се случило случајно додека ја чистел пушката. Мајката на Јулија истакнува дека нејзината ќерка, кога почнала врска со Себастиен барала се повеќе пари од нив идека и се јавиле неколку девојки кои ги искористувал за свои измами и кражби. Но, Јулија на судењето и понатаму негирала се и се штитела себе си, но и момчето, нагласувајќи дека се работи за несреќа и дека Себастиен не манипулирал со неа, а од родителите одамна се дистанцирала.

-На возраст од 20 години останав без рака, мојата младост е уништена ицелосно е неразумно да некој воопшто помисли дека тоа не била несреќа, а уште помалку дека целото семејство е вмешано. Ги негирам сите обвивенија дека се работи за казнено дело и измама. Се работи за несреќа, за сплет на несреќни околности – порачала Јулија бранејќи се пред судот и нагласувајќи дека тврдењата на обвинителството дека се е планирано година дена унапред се без докази. Раката на секое рочиште ја криела во џеп или под марама.

-Осигурана сум од мала. ЗНачи, од тогаш ја планирам измамата? Не можам ниту да замислам како да испланирам нешто такво, а камоли и намерно да го изведам. Можеби несреќата не би се случила доколку бев повнимателна, но тоа не значи дека беше планирано – изјавила Јулија.

Но, адвокатката на една осигурувачка куќа со кои осомничените склопиле договори открила дека при испитувањата, како сметка за отплата на оштета ја впишале сметката на мајката на Себастиен, а не на Јулија, што Јулија ова го потврди дека се случило поради нејзиниот банкрот. И Себастиен исто така прогласил банкрот во 2018 година, поради долг од 55.000 евра.

Јулија во текот на последното изнесување на одбраната предупредувала и дека во овие повеќе од година ипол судење не е направена реконструкција на елиот настан.

log in

reset password

Back to
log in
Choose A Format