Американската војска има Самсунг телефон за кој цивилите можат да сонуваат (ВИДЕО)


Секој сегмент од уредот е дизајниран за максимална практичност и издржливост.

Семејството на паметни телефони на Самсунг, Galaxy S20 има посебен член, кој не е достапен на слободниот пазар, туку само за припадниците на американската војска.

Станува збор за моделот Galaxy S20 Tactical Edition креира да се интегрира со бројни податоци, вклучувајќи ги и оние од воените дронови, радиото и ЏиПиЕс системите.

Секој сегмент од овој Андроид уред е дизајниран за максимална практичност и издржливост. За разлика од цивилната верзија, Galaxy S20 TE има подобрена енкрипција, и можност за комуникација надвор од мрежата. Војниците можат да го коирстат и без соблекување на тактичките ракавици.

Моделот е базиран на поранешната верзија на паметниот телефон S9, а од Самсунг тврдат дека претставува “значајно унапредување во сегментот на тактичката мобилност”, пишува српкиот портал Објектив.рс

Galaxy S20 TE е тестиран на терен, а производителот тврди дека тоа е единствениот уред кој на војската и е потребен за “планирање и вежбање мисии, како и за секојдневна употреба”.

Мобилниот телефон е достапен исклучиво на пазарот на САД и тоа преку воени дистрибутери, што значи дека цивилите, можат да сонуваат за него.

log in

reset password

Back to
log in
Choose A Format