Аркан бил негова школа, а од овој човек се плашел дури и ТИТО! Тој бил страв и трепет во СФРЈ (ФОТО)


Стане Доланц! Вдовицата на Тито, Јованка Броз го обвинила дека бил германски шпиун, а Стане бил познат како вториот човек на СФРЈ.

Посебно интересна е неговата врска со Жељко Ражнатовиќ Аркан.
Во раните осумдесети опозицијата го запомнила по чистките, бидејќи како министер на полицијата се залагал за прогон на интелектуалците, а го теретатат и за нарачување убиства на припадници на југословенската политичка емиграција во иностранство.

Роден е во 1925. година во словенскиот град Храстник. Откако границата помеѓу Италија и Германија, ја поделила неговата куќа и училиште на две државни територии, заминал во Грац, поради продолжување на своето образование. После матурата аминува во партизаните и бил примен во партијата. После војната завршува факултет и неговата кариера започнува во Загреб.

Тој бил југословенски комунистички политичар од Словенија и еден од најблиските соработници на Тито. Од 1971. до 1978. година бил секретар на Извршното биро на претседателството на централниот комитет на Сојузот на Комунисти во Југославија. Од 1982. до 1984. година тој бил сојузен секретар за Внатрешни работи. Член на претседателството на СФРЈ бил од 1984. до 1985. година, а редовно е именуван за член на Сојузниот совет за заштита на уставниот поредок, со кој претседавал во втората половина на 80тите.

Стане Доланц важел за сива еминенција во сојузната полиција и тајната служба, па не чуди фактот што многу луѓе се плашеле од него.

Одлучувачка година во неговиот живот била 1969. Тогаш станува член на Извршното биро на ЦК СКЈ, со што му се отвораат вратите на партиската политика. Функцијата секретар, тогаш воведена за прв пат, со мандат на година дена, но Стане ја извршувал цели девет години.

“Треба да ни биде целосно јасно дека ние комунистите сме на власт во земјата. Бидејќи ако не сме ние, тоа ќе значи дека е некој друг. А засега тоа не е и никогаш нема да биде”, била филозофијата на Стане.

Втор човек во Југославија

Гледан се почесто покрај Тито, тој бил карактеризиран во медиумите како “втор човек во Југославија, веднаш после Тито”. Доланц не бил задоволен со таа позиција, па полека, но сигурно, се издигнувал од сенката, поради што Јованка отворено го мразела.

Во раните осумдесети години, опозицијата го запомнила по чистките, бидејќи како министер на полицијата се залагал за прогон на интелектуалците, а го теретат и за нарачување убиства на припадниците на југословенската политичка емиграција во иностранство.

Врската со Аркан

Тука во врската Доланц – Ражнатовиќ, за прв пат се појавува Аркан, кој помеѓу останатото бил негов пулен.

Многубројни материјални докази сведочат за тоа дека еден од агентите на Сојузната служба во времето на Стане ДОланц бил помеѓу останатите, Жељко Ражнатовиќ Аркан.

Тој бил практично целосно заштитен од кривично-право гонење на српската полиција: јавната и државна безбедност. Причина за тоа била наклонетоста која ја стекнал кај Сојузната полиција, изршувајќи разни задачи за нив.

Аркан за прв пат се појавил во српската јавност 1983. година, откако ранил двајца полицајци кои дошле да го приведат по потерница, која за него ја издала холандската полиција. Обвинителот Милутиновиќ ранувањето на двајцата полицајци го карактеризирал како самоодбрана на Аркан, иако двајцата полицајци поради последица на повредите завршиле во инвалидска пензија.

Уште еден случај кој сведочи зза заштитата на Аркан која ја уживал кај Доланц, се случил на почетокот на војната во 1990. година. Имено, откко Аркан со неколку пријатели вооружени со бомби и автоматско оружје бил уапсен во Хрватска, Доланц договорил нивно ослободување како и враќање во Белград.

“Кога го прашав еднаш дали работи за тајните служби, нервозно ми одговори: “Никогаш повеќе во животот да не си ме прашал за тоа”. Секогаш негираше. Но некои негови пријатели од тајните служби, кои работеле со него, подоцна ми раскажаа дека Стане Доланц бил пријател со неговиот татко, мојот дедо Вељко, кој го замолил Доланц: “Дај, помогни ми, имам син, способен е, мангуп. Мислам да го ставите некаде, би бил многу добар за службата.” Доланц подоцна е сметат за еден од главните заштитници на Аркан”, изјави Војин, синот на Аркан, гостувајќи во една ТВ емисија.

Доланц во свое бил моќна фигура од која се плашел Тито, но и половина свет. Тој бил идол и заштитник на Аркан, а неговото делување го направило еден од најмоќните луѓе на своето време.

Од политичкиот живот на Југославија се повлекол во 1983. а починал во 1999. година после долга болест.

Извор: Mondo.rs

log in

reset password

Back to
log in
Choose A Format