Бака Прасе поминал 15 дена во затвор, еве што се случило и зошто го уапсиле (ФОТО)


Ставил точка на се.

Јутјуберот Богдан Илиќ, некое време беше отсутен од социјалните мрежи, а сега после две недели за прв пат се огласи и ја откри вистинската причина за неговата пауза.

Имено, тој последен пат се огласил на 22 јули, а денес на својот Инстаграм профил објави фотографија на која позира во затворска униформа, а недолго потоа објави и клип во кој објаснил што се се случувало во изминатите денови.

Јутјуберот открил дека пред 15 дена е уапсен во својот стан, наводно, поради граѓанска пријава која е поднесена против него во обинителството.

View this post on Instagram

DOSIJE 2004

A post shared by Bogdan Ilic (@bakaprase) on

-Мислам дека е време да ви кажам зошто ме немаше 15 дена на сцената. Верувам дека си помисливте дека се повлекувам, но искрено не размислував за повлекување. Едноставно мораше поради некои работи, не беше до мене. 15 дена не снимав, ги повлеков сликите бидејќи не знаев каков ќе биде исходот на сето ова што се случува. Бев во затвор 15 дена поради ова што се случуваше. Некој отишол во обвинителството и поднел граѓанска пријава против мене. Обвинителството било обврзано да го провери тоа и испратиле луѓе по мене за да ме одведат на распит. До моментот додека не сум приведен, смеев да снимам се. Без понатамошно одолговлекување, ќе ви пуштам исечоци од се што се случувало – изјавил тој.

log in

reset password

Back to
log in
Choose A Format