Бојана Скендеровски е ултра секси мама додека позира со својата убавица (фото)


Во време на вонредна состојба кога најголемиот дел од времето го поминуваме дома, позитивната страна е тоа што им се посветуваме на најсаканите – семејството.

Пејачката и водителка има дупла причина за среќа и радост во домот боибидејќи е мајка на две ангелчиња – ќеркичка и синче.

Бојана е доста активна на социјалните мрежи каде најмногу објавува фотографии со своите наследници.

Овој пат, на балконот позираше со малата Искра која изгледа неодоливо со своите закосени очиња како бадеми, а пак мама поради топлото време смени гардероба и облече нешто полесно и посекси.

Бојана позираше во летен фустан со висок шлиц од кој покажа гола кожа, а за објавата имаше доста ласкави коментари дека е чиста 10 –ка.

Сепак, најголемото внимание го собра малата убавица која позира припиена до мама.

Извор: Вистина.мк

log in

reset password

Back to
log in
Choose A Format