Ве привлекуваат мускулести мажи? Научниците објаснуваат зошто тие се најлошите партнери


Она што претставува персонификација на “вистинскиот маж” има и свои мани.

Сакате да видите маж кој е убаво граден и со дефинирани мускули?
Сосема нормално, многу дами ќе одговорат потврдно, но научниците тврдат дека мускулестите мажи се најлоши партнери.

Истражувањето кое е спроведено на Универзитетот во Вестминстер, во кое учествувале 327 мажи, покажало дека овие припадници на посилниот пол се лош материјал за врска.

Имено, истражувањето докажало дека колку мажот е помускулест, поголеми се шансите тој сексистички да се однесува кон жената и со многу мала доза на почит.

Од друга страна, кога се двоумат, дамите инстиктивно во поголемиот број на случаеви, ќе му дадат предност на атлетски граден маж, бидејќи во склад со традиционалните предрасуди, тој тип е “вистински” маж.

Исто така, се наведува дека мажите кои се во брак, и кои сметаат дека се попривлечни од своите жени, признале дека се незадоволни со врската и дека им даваат малку поддршка на своите сопруги.

Податоците на анкетата покажуваат и дека мускулестите мажи се склони кон неверства.

На крајот, научниците наведуваат дека не би било изненадување да дамите користат микс стратегија – да за животни партнери бираат мажи со малку “поженствени” карактеристики, а за сексуални врски, мускулести мажи…

log in

reset password

Back to
log in
Choose A Format