Возачот на принцезата Дајана после 23 години откри вознемирувачки детали: Нејзиното мртво тело било во болничката соба, кога неколку луѓе се обиделе да ја…


“Папараците беа по крововите околу болницата. Беше ужасно тоа што го прават”

Дајана Спенсер, принцезата од Велс, загина на денешен ден пред точно 23 години. Сепак, интересот на јавноста за детали од нејзиниот живот не стивнува, а британските медиуми и понатаму објавуваат непознати детали.

Принцезата Дајана се омажила во 1981. година а Чарлс, принцот од Велс, а парот се развел 15 години подоцна. Без оглед на разводот, сосема е сигурно дека во тој период, принцезата од Велс била помеѓу најпопуларните жени на светот, ако не и најпопуларна.

Дајана и нејизниот нов вереник Доди л Фајед таа кобна летна ноќ во 1997. година се возеле со мерцедесот после вечера во хотелот “Ric”.

Несреќата се случила во Париз, а до тоа дошло кога нивниот возач се обидел да погне од папараците кои ги прогонувале.

Нејзините приватни фотографии се продавале за милиони фунти и токму поради тоа папараците не сакале да ја остават на мир ниту кога се било завршено, тврди личниот возач на принцезата Дајана – Колин Тибат, кој таа ноќ не бил позади воланот, пишува Б92.

Тој, иначе, дури пред три години проговорил за трауматичниот период, како и за тоа како изгледало се таа ноќ во нејзината болничка соба во Париз, каде пристигнал веднаш штом дознал што се случило.

“Телото беше сместено во една од болничките соби кои немаше завеси, а јас забележив како фотографите се качуваат на оближните кровови и балкони околу болницата. Беше ужасно тоа што го прават, а тоа го знаеа и самите тие”, изјавил Тибат за магазинот Sun.

“Ставив ќебе на прозорците да спречам фотографирање на нејзиното тело, а поради горештините вклучивме неколку вентилатори.

Погледав во принцезата, а нејзината коса и трепки се поместија. Никогаш нема да ја заборавам таа глетка”, додаде тој.


Like it? Share with your friends!

-1
1 share, -1 points

log in

reset password

Back to
log in
Choose A Format